Контакт

Манифестации

Изложби, проекции на филмови и дебати по повод седмите „Вечери на женски права“

Објавено пред

Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број  активности коишто ќе се организираат од 7 до 12 март по повод седмото издание на „Вечери на женски права“.

Во понеделник, во  Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“. Во вторник, ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј Ин“ во 9.30 часот ќе се одржи Национална конференција за одбележување на 10 години од донесување на  Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.Во КИЦ во 13 часот ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.Во Кинотека Македонија во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави”, во режија на Констанзе Буркард, а по прикажувањето на филмот ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.Во среда, во Кинотека на Македонија, во 18 часот ќе биде прикажан шпаскиот филм „Танџер гол“ кој е во режија на Хуан Готје, додека во 20 часот ќе се прикаже филмот „Да си ја знаеш слободата” кој е во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По прикажувањето на филмовите ќе се одржи дебата на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.Во четврток, во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе се прикаже филмот „Солидарност од женски аспект” кој е во режија на Марта Џидо и Пјотр Сливовски, по што ќе се одржи дебата на тема „Родовата еднаквост на политичката агенда“.Во петок, во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите: „Ипсилон”,  на авторката  Анастасија Точевска; „Жената е човек”,  на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски, „Украдена Насмевка”, на авторот Сергеј Сарчевски, „Одзив”, на  авторот Сара Александровска и „Нескршлив ум”, на авторот Филип Петрески.По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во сабота, во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „ Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн.И годинава покровител на „Вечерите на женски права“ е Град Скопје./крај/со/бб

Култура

Един Јакуповиќ: „Турски театар“ доби само еден проект, помогнете ми да ја исправиме неправдата

Објавено пред

Актерот Един Јакуповиќ преку отворено писмо до македонската јавност бара помош за спас на честа на НУ „Турски театар – Скопје“ и неправдата со само еден одобрен проект за годинава да биде веднаш исправена.

Го пренесуваме интегрално отвореното писмо на актерот Јакуповиќ.

„Од дното на душата ве замолувам да опстанете и да ми помогнете да ја спасам честа на НУ Турски театар Скопје.

Иако сум невработен во истата институција, поради партиски игри секогаш системот ме отфрлал поради  својата природна одлука да застанам “карши карши” со режимот.

Од една страна Режимски поданици од друга страна јас.

Успеавме паднаа, но набргу истите режимски поданици се насукаа во новата власт!

Сега повторно му ја кројат истата судбина на НУ Турски театар Скопје.

НУ Турски театар со 70 годишна традиција на постоење, речиси еден од нај наградените театри во државата и репрезент на македонската култура и уметност низ Европа и светот сега е на маргините на сопственото преживување!

Режимските поданици, правеа популистички мерки но го оставија турски театар без технички кадар! Програмата ја симнаа од 4 на 3 театарски претстави и на ниту едно уметничко вработување. По падот на режимот првиот назначен ВД директор успеа за 12 месеци да врати 80% од техничкиот кадар на редовно неограничено работно време без кој театарот не можеше да функционира, да оствари бројни гостувања надвор од државата, еминентни фестивали, барања за нови вработувања повеќе театарски проекти активирање на млади уметници и секако најдрагиот детаљ да ја врати театарска публика во НУ Турски театар Скопје.

Но за жал, повторниот живот на некој очигледно премногу му пречи па реши на брзина да направи серија на бројни притисоци закани и уцени па сите го знаете настанот кој одекна во тој период кога в.д. директорот поради овие причини реши да поднесе неотповиклива оставка, веднаш другите режимски поданици успеаја да увезат повторно друг режимски поданик кој не го интересира институцијата туку само уништување на истата институција! Оваа година театарот доби само 1 проект и не успеа да ја реализира годишната програма, нив ги интересираше само реваншизам и лечење на сопствените хирови, му нанесоа непоправлива штета на театарот!

Во оваа институција има плејада на одлични млади веќе искусни актери кои заслужуваат да бидат на пиедесталот на театарската уметност, заслужуваат да бидат лидери а не аутсајдери во уметноста!

сите ние нив добри ги познаваме!

Ги прашувам јавно членовите на комисијата,  дали воопшто не се засрамивте кога го направивте овој културен злочин!?

Почитувани, медиуми, театарски работници, обожаватели на театарот и уметноста,  ве замолувам и ве повикувам да ми помогнете,  мојот крик со ваша помош да допре до таму каде што треба и неправдата нанесена кон НУ Турски театар да биде исправена ВЕДНАШ а  со тоа да му се даде достојна шанса на театарот да продолжи да живее и да создава“, стои во писмото на актерот Јакуповиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот документарец „Медена земја“ победник на „Санденс“

Објавено пред

Македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, освои три награди на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“), вклучувајќи ја и наградата за најдобар документарен филм.

На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).

Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

„Honeyland“ беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет.

Прикажи повеќе...

Култура

„Кралот Жаба и други љубовни приказни“ за почеток на фестивалот „Сонот на облачето“

Објавено пред

Со претставата „Кралот Жаба и други љубовни приказни“, денеска, со почеток од 19:30 часот, ќе биде отворено 6. издание на „Сонот на облачето“ на сцената Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје. Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки нуди тридневна програма со четири претстави наменети за деца од различни возрасти, две работилници за изработка на кукли за сенки, проекција на краток филм и изложба на рачно изработени лампи.

Ана Фабули од Германија за отворањето на фестивалот ќе ја одигра претставата „Кралот Жаба и други љубовни приказни“, која својата праизведба ја имала во 2011 година. Оваа получасовна бајка на тема што е тоа вистинска љубов е наменета за деца од 3+ години. „Дали некогаш си бакнала жаба? Жаба?! Бљак! Попрво би бакнала глушец отколку жаба! Глушец?! Хмм… А вие кого би бакнале?“, се репликите разменети помеѓу една принцеза и една жаба, а ги наслушнала и една гуска. Фантастични сплетки визуелно прикажани преку магијата на сенките, без употреба на текст и дополнети со изведба на музика во живо.

Ана Фабули во својот репертоар вбројува десетици соло-претстави со сенки, изведувани на бројни интернационални фестивали низ светот. Нејзиното гостување е вистинско освежување за скопската публика, која единствено преку овој фестивал може да ужива во несекојдневните спектакли со сенки. Организатор на фестивалот „Сонот на облачето“ е театарот „Сенки и облаци“ од Скопје, кој го реализира со поддршка од Министерството за култура на РМ, Градот Скопје и Младинскиот културен центар.

Театарскиот фестивал ќе трае до 19 декември, а билетите за сите претстави се во продажба на билетарницата на Младинскиот културен центар по цена од 150 денари, како и онлајн на https://bileti.mkc.mk/.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија11 час

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија11 час

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија12 часа

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија13 часа

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија15 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет16 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија16 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија17 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија18 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија20 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија21 час

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ21 час

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија23 часа

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија24 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија1 ден

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет1 ден

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет1 ден

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет1 ден

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија2 дена

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Досие