Контакт

Манифестации

Изложби, проекции на филмови и дебати по повод седмите „Вечери на женски права“

Објавено пред

Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број  активности коишто ќе се организираат од 7 до 12 март по повод седмото издание на „Вечери на женски права“.

Во понеделник, во  Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“. Во вторник, ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј Ин“ во 9.30 часот ќе се одржи Национална конференција за одбележување на 10 години од донесување на  Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.Во КИЦ во 13 часот ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.Во Кинотека Македонија во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави”, во режија на Констанзе Буркард, а по прикажувањето на филмот ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.Во среда, во Кинотека на Македонија, во 18 часот ќе биде прикажан шпаскиот филм „Танџер гол“ кој е во режија на Хуан Готје, додека во 20 часот ќе се прикаже филмот „Да си ја знаеш слободата” кој е во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По прикажувањето на филмовите ќе се одржи дебата на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.Во четврток, во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе се прикаже филмот „Солидарност од женски аспект” кој е во режија на Марта Џидо и Пјотр Сливовски, по што ќе се одржи дебата на тема „Родовата еднаквост на политичката агенда“.Во петок, во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите: „Ипсилон”,  на авторката  Анастасија Точевска; „Жената е човек”,  на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски, „Украдена Насмевка”, на авторот Сергеј Сарчевски, „Одзив”, на  авторот Сара Александровска и „Нескршлив ум”, на авторот Филип Петрески.По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во сабота, во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „ Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн.И годинава покровител на „Вечерите на женски права“ е Град Скопје./крај/со/бб

Култура

Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

Објавено пред

Струга задутре, 21 август, по 58- ми пат ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуените културни манифестации во земјава, но и пошироко – поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ .

Во годинашното издание ќе учествуваат 32 странски и 30 домашни поети, програмата на фестивалот има 52 настани, а покрај Струга како град-домаќин, каде ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје.

Една од новините во фестивалската содржина, за која организаторите сметаат дека ќе стане значителен белег на светски познатиот фестивал, е „Поетската порака“. Автор на годинашната „Поетска порака“, која ќе биде прочитана на церемонијата на отворањето на фестивалот е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј во рамките на Програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.

Покрај ова, фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ годинава, во своето 58. издание, ќе понуди на учесниците и публиката уште неколку новитети. Најпрво, фестивалот ќе стане четиријазичен – покрај на македонски и англиски, главните читања на фестивалот ќе бидат и на албански и француски јазик. Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот канал на „Јутуб“.  За главните фестивалски настани – Гала-отворањето и за затворањето на фестивалот ќе биде обезбеден превоз од Скопје преку два правци: Скопје-Кичево-Струга и Скопје-Велес-Битола-Струга, а по завршувањето на настанот, ќе има враќање истата вечер.

Како новитет, „Струшки вечери на поезијата“ годинава преку повикот за волонтери, отвори можност за млади луѓе, вљубеници во пишаниот збор, да се ангажираат во логистичкиот дел на фестивалот и да добијат можност да се запознаат и да се дружат со врвни поетски имиња.

Фестивалските настани почнуваат в среда, 21 август 2019 година во 10 часот со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана. Потоа во 12:30 часот во Конгресната сала на хотелот „Дрим“ ќе се одржи прес-конференција со лауреатката Бландијана.

Гала-отворањето на „Струшки вечери на поезијата 2019“ ќе почне во 20:30 часот на платото пред Центарот за култура. Половина час подоцна на истото место ќе почне поетското читање „Поетски меридијани“.

Програмата следниот ден, 22 август 2019 година, ќе продолжи во 10 часот во хотелот „Дрим“ со Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година.

Целата програма на фестивалот може да се види тука.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

Објавено пред

Во периодот од 2 до 7 септември  во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“.

Петото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со инструментот гитара. Во текот на петте фестивалски дена  ќе се прикажат 10 филмови кои на автентичен начин ги прикажуваат авторите и нивните животи во однос на својот инструмент. Филмовите ќе бидат и жанровски шарени: блуз, рок, џез, авант-рок, поп, фадо.

Филмскиот дел од фестивалот ќе го отвори документарниот филм за Кит Ричардс „Под влијание“, којшто зборува за неговата љубов кон музиката, гитарата, Ролинг Стоунси и ги следи неговите сеќавања од средбите со неговите идоли.

Во музичко-изложбениот дел во фокус ќе биде изложбата на Влатко Стефановски во Музеј на Град Скопје, која е насловена како „Патешествие“. Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски. Со изложбата се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со ,,Леб и сол”, па до ден-денес, преку бројните солистички концерти и проекти.

Фестивалот е во организација на здружението „Номад арт“ од Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска.
Изложбата „Патешествие“ ќе се отвори на 2 септември во Музеј на Град Скопје, а проекциите на филмовите ќе се организираат во Кинотека на С. Македонија почнувајќи од 3 септември.
Изложбата и филмскиот дел се помогнати од Министерството за култура, Кинотека на С. Македонија, Музеј на Град Скопје и Гете институт.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува фестивалот „Езерски бисери 2019“ во Струга

Објавено пред

Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери 2019“ во Струга од 9 до 12 август ќе понуди богата програма: натпревари во класична музика и естрада, гала-концерт, мастер-класови за учесниците, организирани екскурзии до Охрид и Вевчани, Македонска вечер.

„Езерски бисери“ веќе 17 години гради репутација на еден од најквалитетните арт-фестивали во регионот и предизвикува голем интерес за учество. Така во Струга пристигнаа таленти од Русија, Малта, Украина, Романија, Словенија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Литванија, Унгарија, Македонија.

Сите фестивалски случувања се во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Натпреварот во класика ќе се одржи денеска, 9.8.2019. со почеток во 11 ч., а натпреварот во програмата естрада е в недела, 11.8.2019. од 11 ч. Настапите ќе бидат оценувани од меѓународно жири.

Публиката ќе може да ги види наградените учесници и највпечатливите музички настапи на традиционалниот гала-концерт кој ќе се одржи в понеделник, 12.8.19. од 21 часот. По него следи свеченото доделување награди.

Во рамките на фестивалот рускиот пијанист Денис Чефанов ќе одржи бесплатен мастер-клас за учесниците. Годинава првпат се доделуваат посебни гран-при награди на двата натпревари, па така најдобрите учесници во класика и естрада ќе добијат фестивалска статуетка, парична награда од 1.000 долари и комплет охридски бисери од семејството Филеви. Паричната награда на натпреварот во класична музика ја доделува Фондацијата „Зографски“.

Вечерва, 9.8.2019, од 21 часот во Центарот за култура ќе се одржи избор за европска убавица, во организација на World Beauty Contest од Москва. Кандидатките за оваа убава титула ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева, треба да...

Македонија3 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ3 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија3 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет4 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија4 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа4 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет5 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија16 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет17 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет18 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија18 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет19 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт21 час

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие