Контакт

Манифестации

Изложби, проекции на филмови и дебати по повод седмите „Вечери на женски права“

Објавено пред

Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број  активности коишто ќе се организираат од 7 до 12 март по повод седмото издание на „Вечери на женски права“.

Во понеделник, во  Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“. Во вторник, ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј Ин“ во 9.30 часот ќе се одржи Национална конференција за одбележување на 10 години од донесување на  Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.Во КИЦ во 13 часот ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.Во Кинотека Македонија во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави”, во режија на Констанзе Буркард, а по прикажувањето на филмот ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.Во среда, во Кинотека на Македонија, во 18 часот ќе биде прикажан шпаскиот филм „Танџер гол“ кој е во режија на Хуан Готје, додека во 20 часот ќе се прикаже филмот „Да си ја знаеш слободата” кој е во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По прикажувањето на филмовите ќе се одржи дебата на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.Во четврток, во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе се прикаже филмот „Солидарност од женски аспект” кој е во режија на Марта Џидо и Пјотр Сливовски, по што ќе се одржи дебата на тема „Родовата еднаквост на политичката агенда“.Во петок, во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите: „Ипсилон”,  на авторката  Анастасија Точевска; „Жената е човек”,  на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски, „Украдена Насмевка”, на авторот Сергеј Сарчевски, „Одзив”, на  авторот Сара Александровска и „Нескршлив ум”, на авторот Филип Петрески.По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во сабота, во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „ Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн.И годинава покровител на „Вечерите на женски права“ е Град Скопје./крај/со/бб

Култура

Прва голема изложба на илустрациите на доајенот Младен Туниќ на „Литера 2021“

Објавено пред

Третото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“ годинава ќе биде во ново руво и со побогата содржина. Фестивалот ќе биде отворен на 3 јуни со голема изложба на доајенот на македонската илустрација за деца, Младен Туниќ.

Изложбата ќе се реализира во Чифте амам благодарение на одличната соработка меѓу Националната галерија и Фестивалот, а по ланската изложба на великанот Димитар Кондовски во „Мала станица“, случување што публиката и критиката усогласено го прогласија за културен настан на 2020.

Изложбата ќе се состои од илустрации на Туниќ што ги создавал специјално за детски списанија, книги, но и романи за возрасни.

Младен Туниќ е роден во Призрен 1930 година. На пет години неговото семејство се преселило во Скопје, каде што тој го завршил основното образование во ОУ „Браќа Миладиновци“. Талентот за цртање од мал го одвел во средното Училиште за применета уметност, каде што се запишал во 1945 година, отсек сликарство. Тој им припаѓал на првите генерации ученици на ова училиште.

Неколку години по завршувањето на средното образование, почнал да работи во весникот „Нова Македонија“ како ликовен уредник – илустратор. Тој е еден од основачите на „Детска радост“, а бил одговорен ликовен уредник на сите детски списанија во издание на оваа издавачка куќа – „Росица“, „Другарче“, „Развигор“. Кога бил основан весникот „Вечер“ во 1963 година, Туниќ бил ликовен уредник. Тој е автор на логото на „Вечер“.

Освен што создал илустрации за деца, Туниќ има илустрирано и многу книги за возрасни. Учествувал на многу изложби во земјата и странство.

Тој е еден од основачите на „Маџирмаалските средби“, кои и ден-денешен се одржуваат. Починал 1985 година во Скопје.

Освен изложбата на Туниќ, на 3. издание на Фестивалот ќе бидат организирани и тркалезни маси на теми поврзани со проблемите на издаваштвото за деца и илустрацијата. Фестивалот ќе трае до 31 октомври.

Наесен се планираат работилници во повеќе села во Македонија, посети на писатели и запознавање со творештвото на автори и надвор од земјата.

Фестивалот и годинава го поддржуваат: Халк банка, Министерството за култура, „Жито пром“, печатницата „Софија“ и „Маја вода“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Одбележан значаен јубилеј: 45 години изучување на македонскиот јазик на московскиот универзитет „Ломоносов“

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со свечен настан го одбележа значајниот јубилеј 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј којшто е исклучително значаен за македонистиката.

„Овде и денес се присутни дел од луѓето – лектори, некогашни и сегашни, предавачи и професори, коишто вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет ‘М. В. Ломоносов’, пред сè како кадри што излегоа од Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’. Секако не смееме да ги заборавиме оние без кои ова немаше да се случи, а тоа се пред сè, академик Рина Павловна-Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески.

Овде и денес се присутни луѓето кои покажуваат дека мостот помеѓу двата универзитета, меѓу „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, меѓу Скопје и Москва, меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден денес. Овде и денес се присутни луѓето кои се гаранција дека оваа врска ќе функцонира уште долго и дека ќе поврзува нови и нови генерации македонисти и слависти од двете земји“ – истакна ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, во своето поздравно обраќање со коешто ја отвори свеченоста.

Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија го повтори ставот дека за руската научна мисла не постои никаква дилема околу постоењето, односно автентичноста и посебноста на македонскиот јазик како рамноправен јазик во големото семејство на (јужнословенски јазици. И тој како и Н. Е. Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација, изрази големо задоволство од ова одбележување. Имено, во рамките на овој јубилеј – 45 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на „Ломоносов“, како дел од големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Конески, се случува и најновата генерација студенти, идни македонисти, и тоа десетта по ред.

На настанот се обратија и деканите на филолошките факултети од на МГУ „М. В. Ломоносов“и УКИМ, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт и проф. д-р Анета Дучевска, а работниот дел на настанот го отвори директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

„Емил Бенвенист во вториот том од својата „Општа лингвистика“ пишува дека човек се раѓа двапати: еднаш од своите родители и еднаш во јазикот (…) а јазикот е култура и културата е – јазик! Во името на македонскиот јазик како култура денес се радуваме на еден исклучителен јубилеј – 45 години македонистика на Филолошкиот факултет при МГУ Ломоносов.

Она што го започна академик Рина Павловна Усикова, инаку долгогодишна учесничка и на летните школи и на меѓународните научни коференции одржани во рамките на МСМЈЛК во Охрид и авторка на повеќе од 100 научни публикации и уметнички преводи од македонски на руски јазик, успешно го допишуваат и академик Ала Шешкен и проф. д-р Елена Верижникова, заедно со лекторите избрани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што тоа некогаш беа: проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова, проф. д-р Илија Чашуле, проф. д-р Кита Бицевска, проф. д-р Красимира Илиевска, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Емилија Црвенковска, д-р Емил Ниами, Роза Тасевска…, и како што е сегашниот лектор м-р Марија Пандева. Денес сме исправени пред убавиот јубилеј на успешната приказна – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, која ќе ја допишуваат студентите на најновата генерација македонисти, како и студентите на постдипломските и докторските студии кои се одлучиле својата надградба да ја остварат преку истражувања и пишувања на магистерски и докторски тези на теми од македонскиот јазик и литература“ – истакна Мојсова-Чепишевска.

Со свои излагања, во работниот дел на настанот учествуваа: академик Ала Шешкен, проф. д-р Максим Каранфиловски, д-р Елена Верижникова, Роза Тасевска, м-р Марија Пандева и студентите по македонистика на Катедрата за словенска филологија на Московскиот државен универзитет – на сите нивоа, додипломски, постдипломски и докторски студии.

„45 години лекторатот по македонскиот jазик на Катедрата по славистика на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитете е значаен повод да им искажеме почит на лекторите, на тие несебично предани на професиjата луѓе, професори доjдени на нашиот факултет со длабоки знаења од областа на македонскиот jазик, на македонската литература, на раскошниот фолклор и култура на македонскиот народ. Во плодна соработка со нашите професори, пред сè со истакнатиот македонист Рина Усикова, лекторите по македонски јазик дадоа врвен придонес во успешниот развоjот на македонистиката на нашиот факултет и во нашата земjа. Нашите студенти (македонисти) вработени во различити државни структури, во Руската академија на науките (РАН), во Министерство за надворешни работи, на другите универзитети во Руската федерација покажаа исклучително солидна подготовка и направија многу успешна кариера. Секако, искажувам и голема благодарност до Меѓународниот семинар за македонскиот jазик, литература и култура за соработката и помошта.

Во сегашните сложени услови на пандемиjата младата лекторка Мариjа Пандева успешно ја продолжува традициjата и е многу вешта во изнаоѓањето на новите аспекти во методиката на наставата по македонски јазик и книжевност“ – истакна академик Шешкен во своето излагање.

По одбележувањето на овој јубилеј – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ во наредниот период ќе се случи и одбележувањето на уште еден јубилеј – 35 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет, а се планира и промоција на Зборникот од Првата зимска школа на МСМЈЛК – „Конески на 11 јазици“.

Сите настани се дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остваруваат во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Култура

45 години изучување на македонскиот јазик и култура на московскиот Универзитет „Ломоносов“

Објавено пред

Македонскиот јазик, литература и култура веќе 45 години се изучуваат на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј што е исклучително значаен за македонистиката. По овој повод, на 18 мај 2021 година, со почеток во 13 часот, преку платформата „Зум“ ќе се одржи свечен настан.

Настанот ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, а свои пригодни обраќања ќе имаат: Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија, Оливера Чаушевска-Димовска, вд амбасадорката на РС Македонија во Руската Федерација, Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, и Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.

Работниот дел ќе го отвори директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК), Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следуваат излагања и сеќавања за работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет при МГУ „М. В. Ломоносов“ и тоа од некогашни и сегашни лектори, како и од предавачи и професори што вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на Универзитетот „М. В. Ломоносов“, а кои како кадри, пред сѐ, излегоа од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков – Мисирков“ и Институтот за македонска литература при УКИМ.

Настанот ќе го одбележат со свој прилог:

– академик Ала Шешкен, професор на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет, научен соработник на Институтот за славистика при РАН, член надвор од работниот состав на МАНУ;

– проф. д-р Максим Каранфиловски од Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ (некогашен директор на МСМЈЛК и некогашен лектор на Московскиот државен универзитет);

– д-р Елена Верижникова, доцент на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет, почесен доктор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“;

– Роза Тасевска од Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ (некогашен лектор на Московскиот државен универзитет);

– м-р Марија Пандева, актуелен лектор по македонски јазик на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет.

Свое учество ќе имаат и студентите по македонистика на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет – на сите нивоа: додипломски, постдипломски и докторски студии, и тоа: Марија Јарославцева, Елена Гаркуша и Никита Никитин (студенти од прва година), како и Полина Гаврилова и Татјана Кленова (студенти на магистерски студии) и Наталија Кикило (студентка на докторски студии).

Во рамките на настанот говорниците одделно ќе се осврнат и на влогот на оние без кои почнувањето со работа на лекторатот во Москва немаше да се случи – академик Рина Павловна-Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески.

Овој значаен јубилеј – 45 години македонистика на „Ломоносов“, кој се одбележува во текот на годината кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, покажува дека мостот меѓу универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, како и меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден-денес, но и дека обврзува и понатаму да се создаваат нови генерации македонисти и слависти од двете земји.

Одбележувањето на јубилејот следува по зимската школа организирана од МСМЈЛК, која се одржа на почетокот од оваа година, како и по извонредно организираната тркалезна маса на Рускиот центар, и двата при УКИМ. Со одбележувањето 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го продолжува и достоинственото чествување на ликот и делото на Блаже Конески.

Овој настан е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески како дел од програмата на манифестацијата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 вакцини од „Астразенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција....

Свет22 минути

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија24 минути

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 час

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар, ниту пак да...

Свет3 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија3 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет3 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет3 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет4 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија18 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет19 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет22 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија22 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа22 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија24 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет1 ден

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Досие