Контакт

Интервју/Дебата

(Видео) Богдановиќ: Сè што е нелегално во Центар ќе биде срушено, ќе биде отстранет и споменик од „Скопје 2014“

Објавено пред

Сите нелегални летни тераси и објекти ќе бидат отстранети, а сопствениците ќе се соочат со санкации, тврди градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Тој објасни дека ако некој не се вразуми дека треба да поставува урбана опрема согласно со правилниците, тогаш Општина Центар ќе оди до крајност, односно со барање за поништување на елаборат, затворање на локалот, па и пријавување за одземање лиценца.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Центар објасни дека локалот „Бастион“ добил одобрение од Град Скопје за поставување урбана опрема, а направиле градба и поради тоа, вчера присилно била отстранета летната тераса. Градоначалникот на Центар вели дека ваквиот чекор следел откако претходно сопствениците на локалот не реагирале на укажувањата од инспекторите, кои воочиле неправилности. Богдановиќ вели дека дополнително се утврдува габаритот на летната тераса на локалот, а, пак, доколку општина Центар увиди дека истата узурпира пешачка зона, тогаш ќе побараат укинување на одобрението дадено од Град Скопје. Од локалот „Бастион“ одбија да се соочат на дебата со градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

„Целото поставување челична конструкција е без никакво одобрение, ниту од Град Скопје, ниту од кого било. Под урбана опрема се подразбира поставување маси и столови, чадори и дел од подвижни елементи што се монтираат и демонтираат во зависност од тоа што ќе им одобри градот. Не станува збор за тврда градба, за подно греење, поставување арматура. Од старт, никој нема да им дозволи да го изградат тоа. ‘Бастион’ се отстранува бидејќи е класична дивоградба“, објаснува Богдановиќ во интервју за „Макфакс“ и додава дека проблемот бил од минатата година, но поради немање средства, терасата не била присилно отстранета.

Градоначалникот на Центар тврди дека ако со елаборатот кој Град Скопје го одобрил за „Бастион“, повторно се узурпираат пешачките патеки, тој ќе побара поништување на иститот. Во овој случај, Богдановиќ охрабрува сопствениците да покренат постапка бидејќи добиле таква дозвола од Град Скопје. Богдановиќ на седница на ЗЕЛС ќе бара дискусија за враќање на надлежностите на дел од улиците кои се под ингеренции на Град Скопје за, како што вели, да не си играат пинг-понг, односно да не се префрла топката од една на друга страна.

„Ќе  се изврши инспекција на сите објекти, а оние кои не се во согласност со проектот и одобрението, сите ќе бидат санкционирани. Ако не постапат сами, ќе постапиме ние. Не знам како било порано, но сакам да кажам како ќе биде од сега па натаму. Сите угостителски објекти, сите што имаат по некоја основа добиено дозвола или имаат правно или бесправно узурпирано јавен простор на некој начин, ќе бидат проверени. Не станува збор само за локали, туку тоа ќе биде повлекување линија до каде може и што може да се прави“, додава Богдановиќ, кој тврди дека овие неправилности не се спречиле на време и сега општината се лечи од последиците.

Иако знае, Богдановиќ не открива кои споменици од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстранети поради, како што вели, безбедносни причини бидејќи, според него, ситуацијата  била наелектризирана. Тој во интервјуто за „Макфакс“ вели дека за еден месец ќе биде отстранет споменик од проектот „Скопје 2014“ што е поставен во центарот на Скопје. Богдановиќ вети дека за три недели ќе открие информации за неколку постапки што се водат за проектот „Скопје 2014“.

„Не дека купуваме време или бараме алиби, ви тврдам дека овие работи ќе траат многу подолго. Во брзо време ќе видите почеток на постапките и  ќе ги видите резулатите. И јас сакам сега да излезам и да ви набројам, но наредниот ден ќе нè бомбардираат со прашања, и верувајте потоа ќе имаме проблем околу самото докажување на одредена постапка“, вели Богдановиќ.

Градоначалникот вели дека согласно со динамиката на судските процеси, нелегалната тераса на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отстранета.

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа2 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа2 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет3 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет3 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет3 часа

Во Лос Анџелес, луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет3 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија12 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија12 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија16 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија18 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија19 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ20 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија20 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија21 час

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија21 час

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија21 час

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет23 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет1 ден

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет1 ден

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...