Контакт

Daily news

Владата тврди дека била саботирана однатре

Објавено пред

 

Веднаш по прес конференцијата на премиерот Зоран Заев од Владата стигна демант дека таа стои зад блокадата на интернет пристапот на некои медиуми. Според толкувањето од Владата, „најточната интерпретација на привремениот прекин до пристап до одделни интернет страници, е дека станува збор за интервенција, за која постојат сериозни индиции дека се работи за намерна саботажа за да се создаде слика дека новата Влада не е транспарентна и отворена за критики“.

„Утврдено е дека блокирањето на пристапот е само кај дел од персоналните компјутери во Владата, но не и во целиот систем, што јасно укажува дека е направена блокадата во оној дел каде што некој имал пристап. Набргу по утврдувањето на состојбата, Секретаријатот на Владата презеде соодветна постапка и интернет комуникацијата во зградата на Владата е вратена во редовна состојба, каква што е постојано. Тоа само ги потврди сомневањата дека некој од затекнатите вработени во владините служби преземаат чекори со намера да ја компромитираат работата на новата Влада.

Сите надлежни служби вршат соодветни проверки за случајот и за утврдената одговорност јавноста ќе биде информирана. Сакаме да ја увериме јавноста дека Владата  никогаш нема да отстапи од декларираниот принцип за целосна транспарентност, одговорност, отчетност и отвореност.

Феномените каков што е овој, блокирање и пропагандистичка хајка, беа секојдневие на претходната влада. Промените што настанаа и што ги спроведува оваа Влада се креирани овие појави да бидат само сеќавање дека биле редовна пракса за време на претходната власт“, стои во брзата реакција од Владата.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава3 минути

Четири неочекувани знаци на депресија што многумина не ги препознаваат

Депресијата не е секогаш поврзана со тага и плачење и често се манифестира преку рамнодушност, неодлучност и губење на чувството...

Спорт10 минути

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше...

Европа10 минути

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни...

Забава13 минути

(Видео) Нејзиниот настап на Светското првенство остана во сенка: Кејти Пери и Џастин Трудо го запалија интернетот со интимни сцени

Откако настапи на церемонијата на отворањето на Светското првенство, Кејти Пери веднаш се стрча боса кон своето момче, Џастин Трудо....

Забава23 минути

Сакале или не, ќе доживеат големи промени: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на летото

Владеењето на Ракот започнува на 21 јуни и носи период во кој некои долгоочекувани работи конечно почнуваат да се спојуваат....

Спорт46 минути

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника53 минути

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника57 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија58 минути

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...