Контакт

Daily news

Градоначалникот на Прилеп ги прими двајцата прилепчани кои го искачија Монблан

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, денеска ги прими двајцата прилепчани, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски, кои пред неколку дена се искачија на највисокиот врв на Алпите – Монблан во Франција. Ѓорѓиевска и Јованоски се членови на планинарскиот клуб „Мамути“, а идејата за искачување на Монблан потекнувала уште од 2016 година. Инаку, според неофицијалните податоци, досега само двајца прилепчани се имаат искачено на Монблан, а Ѓорѓиевска е првата припадничка на понежниот пол.

dobivaj vesti na viber

„Се приклучивме на планинарскиот клуб од Предеане и експедицијата на почетокот ја сочинуваа 15 лица, а подоцна ни се приклучија и други планинари. Пред искачување на врвот Монблан имавме аклиматизација на италијанскиот дел од Алпите, на врвот Полукс. Целиот пат помина во најдобар ред, сите се вративме среќни и задоволни и се надевам дека ова ќе биде почеток и поттик за нас и за други планинари да се искачуваат на високогорски планини. Чувството што го имавме кога се искачивме на врвот не може да се опише со зборови, се надевам дека барем малку ќе ја доловиме целата таа атмосфера преку фотографиите што ги направивме“, вели Маријана Ѓорѓиевска, претседател на планинарскиот клуб „Мамути“.

Искачувањето траело 3 дена, а на моменти поради лошото време се доведувало во прашање и искачувањето на највисокиот врв на Алпите.

„Првиот ден тргнавме од местото Орлово Гнездо, до каде што стигнавме со воз. Потоа преку Кулуарот на смртта стигнавме до домот Дегуте, кој се наоѓа на 3.800 метри надморска височина. Вечерта имаше големо невреме и се поставуваше прашање дали воопшто ќе тргнеме кон искачување на Монблан. Утрото околу 5 часот водичот нè разбуди, времето беше прекрасно, и во 6 часот утрината тргнавме со искачување. Теренот беше замрзнат, патеката беше тешка, но, сепак, успеавме да стигнеме до едно засолниште на надморска височина од 4.200 метри, а потоа продолживме кон местото викано Ножот, доста опасен предел со многу процепи. Чувството кога се искачивме на врвот Монблан на 4.810 н. м. не се опишува со зборови“, вели Владимир Јованоски, претседател на планинарскиот клуб „Мамути“.

Градоначалникот Ристески им се заблагодари за нивната промоција на Прилеп и Македонија.

„Голема беше возбудата на сите прилепчани кога од медиумите разбравме дека нашите Маријана и Влатко се искачени на Монблан. Многу малку луѓе од Македонија и Прилеп се имаат искачено. Тие подолго време се подготвуваа за овој храбар потег и на крајот испеаја во тоа. Јас од името на градот Прилеп и Македонија им се заблагодарувам за тоа што со ова искачување го испромовираа Прилеп и Македонија. Им посакувам и понатаму да ги освојат сите предизвици кои им претстојат и кои ги посакуваат. Во иднина ваквите настани како локална самоуправа ние ќе ги поддржуваме и повикувам и бизнис секторот што е можно повеќе да ги помага ваквите активности“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Ѓорѓиевска и Јованоски рекоа дека нивни следен предизвик е искачување на највисокиот врв на Европа, Елбрус кој се наоѓа на Кавказ и е висок 5.642 метри н.м. Се надеваат дека Елбрус ќе биде освоен идната година.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија2 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија2 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија2 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија2 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија5 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион6 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија7 часа

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија7 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа7 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа7 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа8 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија1 ден

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија1 ден

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија1 ден

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија1 ден

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...