Контакт

Daily news

За Задушница на градските гробишта само со хеликоптер, дел од „Александар Урдаревски“ затворен за сообраќај

Објавено пред

Скопјани се избезумени од одлуката на Град Скопје улицата Александар Урдаревски во делот во кој води кон гробиштата викендов да остане затворен за сообраќај поради реконструкција на коловозот. Коментираат дека оваа Задушница до гробиштата во Бутел ќе можат да стигнат само со хеликоптер оти една од двете улицата за пристап нема да може да се користи.

dobivaj vesti na viber

Делот од улицата Александар Урдаревски од крстосницата со улицата Бутелска до гробиштата веќе три месеци е затворен за сообраќај. Се вади коцката со која беше поплочен коловозот за да се замени со асфалт. Скопјани се надеваа за привремено решение поради верскиот празник Задушница, но градските власти не преземаа мерки.

На прашањето дали ќе овозможат улицата привремено да биде проодна поради Задушница, од Градот кусо одговорија дека режимот на сообраќај го регулира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР, пак, соопштија дека делот од улицата што се реконструира ќе биде затворен за сообраќај.

„Ве известуваме дека на 04. и 05. 11 2017 година во периодот од 06,00-16,00 часот поради верскиот празник Задушница на гробиштата во Бутел, Камник и  Ѓорче Петров се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќај. Од тие причини сообраќајната полиција ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Поради изведување на градежни работи на улица Александар Урдаревски (во реонот на гробиштата Бутел) дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај. Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по улица Боца Иванова во правец од кружниот тек на улица Александар Урдаревски кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улица Боца Иванова, лево, по улица Александар Урдаревски кон клучка Мирковци, односно кон обиколницата“, соопшти МВР.

На улицата Александар Урдаревски, која води кон гробиштата, градежните работи почнаа на 27.07.2017 година. Цели три месеци се реконструираат вкупно 808 метри должина од улицата. Според најавата од претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, улицата треба да добие асфалт на местото на коцката, првпат да се изградат тротоари, да се постави ново улично осветлување, а на 300 метри од делот што се реконструира треба да бидат поставени водоводна, атмосферска и фекална мрежа.

Улицата сега е раскопана, коцката е извадена , а од Градот не одговорија на прашањето кои се крајните рокови за завршување на градежните работи.

Овој зафат Градот го чини 18,5 милиони денари, а работите ги изведува градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија6 часа

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија8 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија8 часа

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ11 часа

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија11 часа

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет12 часа

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава1 ден

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија1 ден

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија1 ден

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија1 ден

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија1 ден

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија1 ден

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...

Свет2 дена

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет2 дена

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија2 дена

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ2 дена

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија2 дена

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...