Контакт

Македонија

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството потврдуваат дека ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи на Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Претходно, Министерството за здравство информира дека по проверка на информациите со службите од скопскиот аеродром и граничната полиција било утврдено дека се работи за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку Македонија од разни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци, во посочениот лет повеќето од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а преостанатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(ВИДЕО) Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре.

dobivaj vesti na viber

По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој современ специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца, а истиот има капацитет од 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково.

Воспоставувањето на оваа социјална услуга и работата на овој Дневен центар се дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

„ Многу ме радува што гледам дека овој центар работи успешно и што навистина имаме неверојатен напредок кај децата кои престојуваат овде. Им честитам на целокупниот пероснал кој со својата посветена и стручна работа се грижат и овие деца со попреченост кои живеат во помалите населени места да добијат еднакви можности да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Тоа се совпаѓа со заложбите на владата и на министертвото, како и со основните цели на социјалната реформа, а тоа е да се овозможи пристап до неопходните социјални услуги на сите оние на кои тие им се потребни, вклучувајќи ги најранливите групи во општеството, како и оние што живееат во руралните и одалечените места во државата. Востанувањето и успешното функционирање на овој центар е најдобар показател дека социјалната реформа е успешна“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Со центарот управува здружението „Имаго плус“, чии вработени, кои поседуваат лиценци за ваков вид дејност, преку индивидуален пристап, обезбедуваат професионален и стручен третман за нега и рехабилитација на секое дете во центарот, подготвуваќки ги успешно да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Услугата што ја добиваат децата во овој центар предвидува индивидуална, групна и окупациска терапија која на децата им помага да го зачуваат и унапредат своето здравје и истовремено да го поттикнат нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој. Покрај тоа во овој центар се спроведуваат и стручни советувања и работилници за поддршка на родителите на децата.

Липково беше една од општините која, во партнерство со здружението „Имаго плус“, аплицираше на првиот јавен повик и доби средства од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што овозможи да се воспостави и развие услугата нега за децата со попреченост кои живеат на територијата на оваа општина.

„ Благодарение на блиската соработка со Министертвото за труд и социјална политика и Имаго плус успеавме, по повеќе од десет години, да го завршиме и активираме овој центар, со што и децата со попреченост од нашата општина почнаа да добиваат современ третман и неопходна грижа која секако ја заслужуваат. И покрај ограничените финансиски средства што ги имаме како рурална општина, а кои во услови на енергетска криза се повеќе се намалуваат, ние и понатаму на секаков можен начин ќе го помагаме овој центар, овозможувајќи на тој начин негово непречено и успешно функционирање во полза на децата“, рече градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.

Здружението „Имаго плус“, кое управува со Дневниот центар во Оризаре, има повеќегодишно искуство во работата со деца со попреченост. Од неодамна овој центар ги исполни неопходните услови, со што финансирањето на социјалните услуги кое досега се реализираше преку Проектот, во иднина ќе продолжи да се реализира преку системот за централно финансирање од државниот буџет.

„ Задоволни сме што како тим, преку стручен и професионален пристап и со поддршката што ја добиваме од надлежните институции на централно и локално ниво, уште во првата година од работата на центарот креиравме соодветни услови и можности за децата со попреченост од населените места во општина Липково. Досегашните резултати во работата, како и влегувањето во системот на централно финансирање од буџетот, дополнително нѐ охрабруваат да продолжиме да се развиваме и понатаму, со цел да им ја овозможиме најдобрата грижа и поддршка на децата“, истакна Земријет Бела Весели, претседателка на „Имаго Плус“.

За негата, третманот и секојдневните активности на децата кои престојуваат во Дневниот центар во се грижи стручен тим составен од пет специјалисти, и тоа: рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

„ За нас како луѓе кои својот професионален живот го посветиле да им помогнат на оние на кои тоа им е најнеопходно, а посебно на децата со попреченост, претставува огромна сатисфакција кога ги гледаме плодовите од нашата работа. Среќни сме од досегашниот напредок што го постигнавме во работата со децата кои претстојуваат во нашиот дневен центар и веруваме дека она што ќе го постигнеме овде заеднички ќе им помогне на децата да имаат успешен личен и професионален развој и квалитетен живот понатаму“, објаснува координаторката на Дневниот центар, Аринета Нухија.

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што е еден од инструментите за поддршка на социјалната реформа која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега се поддржани 22 проекти во 27 општини ширум земјата. Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари лица во нивните домови, додека останатиот дел се за услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и рехабилитација, како и дневен престој, рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и советување. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани преку 300 лица, кои обездуваат соодветна грижа за околу 700 корисници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Објавено пред

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале гризење на совеста и чувство на вина. Ова го констатира Александар Марцикиќ, психијатар, кој изработил вешт наод за нив. Тој ги опиша сите обвинети како психички здрави личности, со уредна интелигенција. Сите биле загрижени поради настанот, смртниот исход, реперкусиите, кривичната постапка и притворот. Но, и покрај ова вештачење на докторот, тие на првото рочиште рекоа дека не гледаат вина кај себе за смртта на Тот.

dobivaj vesti na viber

„При прегледот ниту еден од обвинетите не манифестира какви било знаци на пасивна или активна агресивност, како што опишав – кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, сите имаа слични манифестации, како гризење на совеста, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот од случувањето и кривичната постапка против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците врз нив, пред сè, социјалните последици“, изјави докторот говорејќи за вештиот наод изработен 28.4.2022.

Обвинетата Лефковска е единствената од тројцата што претходно имала психички проблеми и се лекувала. Психијатарот посочи дека пиењето алкохол придонело обвинетата да биде похрабра во своите чекори. Тој опиша дека при пиење алкохол обвинетата е склона кон конфликти и е поарогантна.

Адвокатот Бојан Василевски, бранител на обвинетата, праша: „Кажувате во вештиот наод дека Клементина пиела 2-3 жестоки пијалаци. Дали ако таа била трезна, ќе ги презела истите дејства?“

„За пиењето алкохол, исказите на обвинетата не се поткрепени со други материјални докази, пред сè, мислам на лабораториско иследување на присуство и концентрација на алкохол во крвта. Моето толкување според нејзините искази се описни. Си дозволив да го коментирам овој податок во склоп на обид што пообјективно да ја опишам нејзината психичка реакција при самиот настан. Не можам да претпоставам како би реагирала доколку наводно немала алкохол во себе.

За обвинетиот Андреј Костовски, психијатарот Марцикиќ рече: „Не констатирав патолошка потреба за искривување на вистината. При самиот преглед обвинетиот Костовски немаше знаци на агресивно однесување“.

Прашања за вештото лице имаше првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Го интересира како алкохолот можел да влијае врз неговите постапки, на што вештакот додаде: „Можел да влијае, не можам да кажам како зошто не знаеме колку имал испиено“. Наспроти толкувањето за Лефковска, каде што таа кажала дека испила 2-3 чаши алкохол, а се дава објаснување како влијаел на нејзе, психијатарот Марцикиќ тоа го нема направено за Ѓорѓиевски.

На 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје обвинетите заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот, тврди скопското Обвинителство. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Секое дете треба да има можност да си го исполни својот сон

Објавено пред

Општина Центар ја прославува Детската недела, која почнува денеска. Во Паркот на франкофонијата, со музички изведби, детски претстави, спортски активности, ќе се претстават децата од градинките и учениците од сите основни училишта во општината.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, пред децата ја истакна нивната важност како најдрагоцено богатство и иднина на секое општество.

„Секое дете и секој млад човек е важен фактор во општеството. Затоа е важно на секое дете да му се даде можноста да го оствари својот сон, но и аспирациите, да ги каже своите размислувања и дејствувања со цел да земе активна улога во општеството. Ние возрасните како ваши воспитувачи, наставници, родители имаме обврска да ве поттикнуваме и да ве насочуваме кон негување на вашите интереси и нивна реализација“, изјави Герасимовски во Паркот на франкофонијата.

Герасимовски исто така зборуваше за правата на децата според член 27 од Конвенцијата на Обединетите нации, како правата на образование, здравствена грижа, слобода на изразување на своите ставови, чувства и желби, правото на државјанство, право на игра и љубов и обврските на локалните самоуправи тоа да го обезбедат. Тој исто така зборуваше и за рано детектирање и спречување на сите форми на насилство, меѓу кои и булингот.

„Вие исто така мора да бидете заштитени од сите форми на насилно вклучувајќи го и булингот, кој е застапен од најрана возраст. Вашите воспитувачи, наставници и стручни лица во градинките и училиштата се ваши пријатели, доколку имате проблем, разговарајте со нив. Проблемите мора се споделуваат за да може да се решат. Воспитувачи, наставници, внимавајте на однесувањето на децата и учениците и бидете првиот детектор дека нешто се случува. Во училиштата и градинките мора да биде спречена секаква форма на насилство и на тоа постојано мора да се работи“, изјави Герасимовски.

За крај, им порача на децата да уживаат во детството, да си играат и да се дружат, да спортуваат и да внимаваат на животната средина.

„Слушајте ги вашите родители, баби и дедовци, бидете добри ученици. Ние секогаш ќе се радуваме на вашите успеси“, им порача Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија26 минути

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Македонија1 час

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија1 час

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет2 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет2 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија3 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија4 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет5 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет6 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет6 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа6 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет6 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет6 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион16 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ17 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет21 час

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија23 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија1 ден

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...