Контакт

Македонија

Се намалуваат цените за роаминг со Грција

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас, потпишаа меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг. Тоа значи  дека максималните цени на роаминг-услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна Манчевски, целта е до почетокот на летната сезона граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените, а следниот чекор е целосно укинување на роамингот.

Манчевски рече дека договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем, туку со него се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји.

„Утрово имавме работен состанок со министерот Папас, директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, и заменик-директорот на Грчката комисија за телекомуникации и пошти, Спирос Пантелис. На состанокот заклучивме дека се отстранети сите пречки и дека постои политичка волја од двете страни за продлабочување на соработката“, информираше министерот Манчевски.

Министерот Папас рече дека имале одлично гостопримство, што докажува дека сме стратешки партнери.

„Работа на владите е да го направат договорот од Преспа договор за луѓето, договор кој произведува резултати којшто го подобруваат животот на луѓето и од двете страни. Договор што ги подобрува можностите за комуникација, за транспорт, економските можности. Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за меморандумот што го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите како што се изработени, или, доколку е потребно, да се прилагодат за да се оствари овој договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми”, потенцираше Папас.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерот Спасовски се сретна со потпретседателот на Европската комисија, Шинас

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа состанок со потпретседателот на Европската комисија за „Заштита на нашиот европски начин на живот“, Маргаритис Шинас. На средбата министерот Спасовски изрази задоволство од започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, како децениска стратешка цел на Северна Македонија и уверување дека процесот ќе обезбеди просперитет и напредок на земјата, а реформите на подолг рок ќе донесат бенефит за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„ Мотивирани сме и посветени на имплементирањето на европските вредности во нашето општество, вклучително и во миграцијата. Имаме добра основа, но и политичка волја и капацитет тоа да го направиме. Чекориме по европскиот пат и израз на нашето заедништво ќе биде и потпишувањето на Договорот со Европската гранична и крајбрежна стража. Наведениот договор е израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал. Нашата досегашна соработка на ова поле покажа дека кога работиме заедно, можеме успешно заеднички да ги решиме предизвиците“, истакна министерот Спасовски, изразувајќи благодарност до ЕУ за континуираната поддршка за зајакнување на капацитетите на Граничната полиција, преку обезбедување советодавна помош и обуки, како и преку набавка на специјализирана опрема за зајакнување на граничниот надзор.

Министерот Спасовски како особено значајно го истакна присуството за странските полициски службеници од соседните земји и земјите партнери од ЕУ, кои учествуваат во заеднички гранични операции на јужната граница и успешно се справуваат со мигрантските предизвици. Како резултат на тоа во делот на криумчарењето на мигранти, во периодот од јануари до јули регистрирано е значително зголемување на бројот на откриени случаи од 119% во однос на истиот период лани, додека бројот на откриени криумчарени мигранти е зголемен за 141%, што укажува на зголемена ефикасност во откривањето на вакви случаи. Како што нагласи Спасовски, трендовите укажуваат дека регистрираните бројки во областа на илегалната миграција, криумчарењето на мигранти и поднесените барања за азил се зголемени во поглед на истиот период минатата година, но тие немаат значителен импакт во однос на националниот систем за управување со миграции. Сепак, од особена важност, според Спасовски, е поддршката од ЕУ во процесот на потпишување и имплементација на договорите за реадмисија со земјите на потекло во сите фази на враќањето.

„ Затоа сакам да истакнам дека Република Северна Македонија и МВР продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт, заедно со нашите соседи и земји партнери, а особено со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер, преку интегрираното гранично управување целосно усогласено со европското законодавство. Притоа, неопходно да се продолжи соработката во сите споменати сегменти, особено важноста од редовна размена на информации меѓу земјите од регионот и на рутата, како и учество во активностите на ФРОНТЕКС, но и поддршка на сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат соработката и безбедноста во регионот, вклучувајќи ја и безбедноста на целиот Европски континент“, рече Спасовски на средбата со потпретседателот на ЕК, Шинас.

На средбата се потврди посветеноста на Северна Македонијa во решавањето на предизвиците со илегалната миграција, чија улога како земја кандидат станува сѐ поклучна во продолжување на бескомпромисната борба со криумчарењето на мигранти.

Во таа насока потпретседателот на Европската комисија Шинас истакна: „Многу сум му благодарен на министерот за нашата многу продуктивна средба во Скопје. Сè поблиската соработка на Северна Македонија за миграцијата е дел од нејзиниот пат кон ЕУ и договорот за статусот што се потпишува со нашата европска агенција за гранична и крајбрежна стража ќе биде силен доказ за тоа. Одиме напред, треба да продолжиме да работиме заедно на усогласување на визната политика, борбата против шверцот и управувањето со границите“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски – Дир: Целосна поддршка од Македонија за Украина

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Лариса Ди, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјата.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е изразена благодарност за навремените и конзистентни политики на Северна Македонија на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина, како и за донациите од помош за украинскиот народ.

Премиерот Ковачевски нагласи дека Република Северна Македонија најостро ја осудува руската агресија врз украинските граѓани и дава целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Toj изрази поддршка и за интеграциските аспирации на Украина како демократска земја која припаѓа во демократските сојузи на држави.

Заеднички е констатирано дека е неопходно Руската Федерација веднаш да ги повлече трупите од окупираните територии во Украина и да почнат мировни разговори.

Разговарано е и за последиците од војната во Украина, кои се рефлектираат со предизвици во снабдувањето со енергија и храна во целиот свет, како и за можностите за нивно надминување.

Претседателот на Владата, Ковачевски, најави дека Република Северна Македонија, како држава членка во НАТО и земја што ги почна преговорите со ЕУ, продолжува со принципиелните политики за одбрана на мирот, поставена целосно на линија на таквите надворешни политики на НАТО и на Европската Унија.

На средбата се потврдени пријателските билатерални односи помеѓу двете држави и определбата за унапредување на економската соработката во областа на енергетиката, инфраструктурата, туризмот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Премиерот Ковачевски се сретна со потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска се сретнаа со потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас. Тема на состанокот беше зајакнувањето на капацитетите на земјата за надминување на предизвиците со илегалната миграција, но и скрининг процес што и претстои на земјата.

dobivaj vesti na viber

На состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија останува посветена на управување на сите релевантни аспекти на надворешните миграции. Имајќи ги предвид миграциските текови и нивното влијание врз демографскиот и социо-економскиот развој, Република Северна Македонија со години неуморно и посветено работи со цел успешно справување со миграциската криза.

Премиерот Ковачевски на состанокот посочи дека заедно со европски партнери како и други земји од Западен Балкан, успеавме, најдобро што можеме, да се справиме со миграцијата.

Од декември 2015 година па наваму на јужната граница континуирано се имплементира меѓународна заедничка операција во која учествуваат странски полициски службеници од 8 европски земји.

Со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, кој се очекува да биде потпишан во најкраток временски рок, ќе се отвори можноста за распоредување на сили на ФРОНТЕКС на територијата на Република Северна Македонија, што уште повеќе би придонело во поглед на успешното справување со нелегалната миграција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет36 минути

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија2 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија2 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет4 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет4 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет4 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа4 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет4 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет5 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостаток на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода...

Регион14 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ15 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет19 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија21 час

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија24 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија1 ден

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија1 ден

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет1 ден

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...