Македонија
Без струја ќе останат неколку скопски населби
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Илинден.
Па, така, без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата Лазар Поп Трајков – згради со броевите 20, 21, 22 и 23, улицата Христо Ботев – згради со броевите 1, 2, 3, 4, 5 и 6, и улицата Ташко Караџа – згради со броевите 6, 8, 10 и 12 (општина Гази Баба), во периодот од 8 до 15 часот корисниците од дел од улицата 102 во селото Волково (општина Ѓорче Петров), од 9 до 11 часот корисниците од дел од улицата Веле Марков (општина Ѓорче Петров), од 8.30 до 11.30 часот корисниците од дел од улицата 1439 во населбата Пинтија (општина Кисела Вода).
Од 8.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Тодор Чангов – делот од главната улица по ресторанот „Едера“ (општина Аеродром) и од 9.50 до 12.15 часот корисниците од улиците 11, 12, 13 и дел од улицата 1 во с. Кадино (општина Илинден).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.