Македонија
Битиќи се сретна со новиот регионален директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен
Вицепремиерот Битиќи се сретна со новиот регионален директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен.
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новиот регионален директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен.
На средбата, на која присуствуваа Максим Лебовиц, заменик на регионалниот директор, претставничката надлежна за Северна Македонија и за Косово, Мелани Маленво, како и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, стана збор за соработката на Владата со Француската агенција за развој, но и можностите за соработка со Француската агенција за развој и Македонската развојна банка.
На средбата, меѓу другото, се разговараше и за програмата за енергетска ефикасност на јавни згради, финансирана и преку Зелениот климатски фонд, односно за поефикасното искористување на финансиските средства што и стојат на располагање на Северна Македонија за што во првата фаза се предвидени 5 милиони евра како грант-средства и 22 милиона евра поволни кредити.
Вицепремиерот Битиќи и Дофен разговараа и за можноста за проширување на програмата со вклучување на единиците на локалната самоуправа во проектите за енергетска ефикасност преку одвојување на финансиски средства наменети за индивидуални станбени објекти и згради, а преку програмата беше побарано од вицепремиерот Битиќи да бидат опфатени и наши граѓани од најранливите категории.
Регионалниот директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен, го информира вицепремиерот Битиќи дека Агенцијата досега има алоцирано средства во износ од една милијарда евра за проекти во регионот во секторите енергетика, транспорт, пречистителни станици, отпад, општинска инфраструктура и за поддршка на развојните банки и изрази поддршка од Агенцијата за нашата земја за овие можности.
Адаптацијата и отпорноста на инфраструктурата кон климатските влијанија се еден од најголемите предизвици во справувањето со климатските промени.
Зградите се одговорни за речиси 40 % од емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата и се очекува употребата на енергија за ладење на просторот да се удвои до 2040 година. Земјите итно треба да ги намалат емисиите што ја менуваат климата и да се приспособат на зголемените температури и другите климатски влијанија.
Владата на Република Северна Македонија продолжува со напорите за постигнување на целите за енергетска ефикасност, овозможување мерки и активности за заштеда на електрична енергија, а со тоа и справување со влијанијата од глобалната енергетска криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 28 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во источните делови ќе има и во петок, а во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.
Сервисни информации
Без струја, дел од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 10:00 часот, корисниците од улиците: 100, 101, 102 и 103 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 – 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Иван Хаџи Николов во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во нас. Лисиче. (Општина Аеродром).
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.