Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ од понеделник започнува со кампањата ,,Обновата пред вашиот дом”
„Три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира.Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат со нозете во вис го поминуваат работното време. Безбедноста на граѓаните е доведена под знак прашалник, криминалци се препукува по улиците и за тоа никој не одговараше. Откуп за земјоделските култури нема, а кога има цената е мала. Болниците се како во хорор филм, а студентските домови се нефункционални“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според енго, Зоран Заев и СДСМ наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик.
„Оваа власт ќе остане обележана по епидемијата на непотизам, грантовите на Фондот за иновации кои беа делени на лица блиски до власта, 35 милионскиот „крвав тендер” во здравството, сомнителната поделба на лиценците за возачки испитни центри, тендерите кои ги добиваше невенчаниот сопруг на Царовска, сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, Леонардо, Сар Хемс, Рекет 1, 2 и 3 и редица други криминални афери. Ветуваа правна држава, а го уништија системот. Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. Заглавија патриоти во затвор, а убијци пуштија на слобода. 1 200 криминалци наместо во затвор се на улиците и секојдневно ги тероризираат граѓаните на Република Македонија.
Ја клекнаа државата на колена. Ја убија надежта кај луѓето. Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија, за ставање на државата на брза трака кон ЕУ. Македонија мора да биде просперитетна, Македонија мора да биде напредна“, додаде тој.
Јанушев најави дека од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата пред вашиот дом”. „Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме. Понатаму потсетувам дека сите ОК на ВМРО-ДПМНЕ се отворени секој ден од 18-21 часот и сите граѓани можат да дојдат и да ни се приклучат.
Почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“, каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа. Тука сме до граѓаните. Заедно ќе победиме. За ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев никогаш повеќе.Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.