Македонија
(Видео) ГДУ: Филипче и надлежните од Клинички да не се правдаат со претходната власт
Во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, во осделот хирургија, има дива депонија во која, најверојатно, има и медицински отпад, реагираа преку соопштение од Граѓанско-демократската унија. Од партијата заедно со соопштенеито испратија и низа фотографии и видеоснимка.
„Влезот на Интерна медицина, која треба да важи за најреномирана државна здравствена институција во Македонија, е со искршена табла, а ходниците прокиснуваат и се излупени.
Клиниката за очни болести може да се пофали со распаднати и искршени прозорци.
До Детската клиника има фабрика со оџаци и таа активно го загадува воздухот во близина на болните дечиња“, стои во соопштението на ГДУ.
Оттаму посочуваат дека македонското здравство се наоѓа во очајна положба, а до министерот за здравство, Венко Филипче, и тимот што раководи со Клиничкиот центар, упатиле апел да не се правдаат со претходната власт и недостигот на средства бидејќи за да се решат овие проблеми, како што посочија од ГДУ, не е потребна астрономска сума пари, туку, едноставно, желба да се сработи нешто за доброто на сите граѓани.
„Г. Филипче, доволно време сте министер, немате простор за оправдувања! Ова што следува не е погодно за драмска пропаганда од типот ‘еве и јас го вакцинирам моето најмило’. Прашуваме: Кој и колкава одговорност ќе понесе поради фактот што Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ повеќе личи на напуштен мексикански затвор отколку на модерен комплекс-клиники во земја со евро-атлантски аспирации?
Бараме одговорност за ова ситуација од личноста што стои на врвот на пирамидата – министерот Венко Филипче. Бараме од него да се повлече од функцијата бидејќи како што гледаме, не е добар менаџер и, ете, не успева да се справи со овие проблеми“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.