Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Листата на паразити се поголема, наместо одговорност гледаме исмејување кон граѓаните
Аферата „Паразити“ на виделина ја извади алчноста на оваа антидржавна и криминална власт. Додека секојдневно луѓе остануваат без работа и не знаат како да го преживеат месецот, функционерите на СДС и ДУИ со нивните директорувања ги полнат своите џебови со народни пари, а нивниот резултат е чиста нула, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека еден од листата кој котира на врвот по богатење на грбот на граѓаните е Зоран Китанов, кои како претседател на одборот на директори во Телеком, а именуван ов Владата на СДС и ДУИ зема месечна плата од над 6.200 евра. Ако се пресмета, Китанов за еден мандат од 4 години, на негово конто ќе легнат скоро 300.000 евра.
Неговиот заменик во Телеком, кој исто така е назначен од владата, Садула Дураку од ДУИ месечната плата му изнесува 1.500 евра, или за 4 години ќе заработи над 80.000 евра. Додека пак неизвршниот член на одборот на директори Шкодране Дардишта, која на јавноста ја започна по нејзините изјави во кои се закануваше со војна, секој месец зима плата од над 1.000 евра, или 50.000 евра за еден мандат.
Од ВМРО-ДПМНЕ велт дека додека државата е во енергетска криза, и граѓаните плаќаат повисока цена за потрошена електрична енергија, директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски месечно заработува над 1.700 евра.
1.700 евра за Ковачевски, додека секој ден ни се случуваат хаварии и дефекти во енергетскиот систем и додека нема пари за обновување и унапредување на енергетските капацитети.
Ковачевски за 4 години или еден мандат ќе заработи над 80.000 евра.
Листата на паразити на државна сметка е се поголема, а од овие паразити не гледаме никаква одговорност, напротив исмевање и навредување кон граѓаните.
Молкот од Димитар Ковачевски за навредите од Љупчо Зиков кон граѓаните, значи одобрување или пак овие навреди се по негова нарачка, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.