Македонија
Град Скопје најавува грдежна офанзива – реконструкција на улици во должина од 10 километри
Град Скопје годината ја започнува со целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри, во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, информираат градските власти.
Во соопштението се наведува дека станува збор за сообраќајници кои долги години не биле реконструирани.
„Реконструкцијата започнува на 20 јануари, и тоа на улицата Никола Карев, булевар Кузман Јосифовски Питу од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул. Борис Кидрич, реконструкција на булевар АСНОМ од раскрсницата со бул. Србија до ФФМ, улицата Христо Татарчев од раскрсницата со ул. Народни Херои до кружен тек со бул. Србија, ул. Србија, Тодор Александров, ул. Перо Наков од бул. Киро Глигоров до раскрсницата со ул. Маџари. Реконструирани ќе бидат и улиците Радишанска, Војдан Васил Чакаларов, Волково и улица Фрањо Клуз“, посочуваат од Град Скопје.
Додаваат дека програмата и програмските активности ќе се реализираат преку реални проекти со целосна имплементација, преку креирање на брзи и ефикасни сообраќајни решенија и безбедни сообраќајници за граѓаните како приоритет на кој посветено ќе работи градската администрација во овој четиригодишен мандат, почнувајќи уште од првите 100 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.