Македонија
Груби побара француска поддршка за препорака за ЕУ и членство во НАТО
Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, заедно со членовите и заменик-членовите на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија остварија средба со Лилјана Танги, пратеник во Националното собрание на Француската Република, која истовремено е и потпретседател на Комисијата за европски прашања и потпретседател на Групата за пријателство меѓу Националното собрание на Француската Република и Собранието на Република Македонија и францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.
На средбата се разменија мислења на повеќе теми, а пред сè за развојот на билатерални односи меѓу двете земји, реформските процеси во Македонија, за ЕУ и за НАТО, како и за развојот на односите на Република Македонија со земјите од соседството.
Заеднички беше констатирано дека билатералните односи се развиваат во континуитет, во духот на меѓусебната доверба и пријателство, при што беше потврдена заемната заложба за нивно натамошно унапредување.
Од страна на Груби беше изразено очекувањето за француската поддршка за евро-атлантските интегративни заложби на Македонија, при што Груби побара строга, но фер проценка на постигнатото, додека од страна на Танги беше реафирмирана поддршката за реформските процеси во Република Македонија, чија крајна цел е целосна интеграција на државата во Европската Унија и НАТО алијансата.
За Република Македонија поддршката што доаѓа од Република Франција е од исклучително значење, имајќи ја предвид клучната улога на Франција во процесот на проширување на Европската Унија, особено во пресрет на априлскиот Извештај на Комисијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции, во кој нашата земја ќе ја добие чистата препорака за почнување преговори со ЕУ. Во тој контекст, Груби информираше дека целиот фокус на земјата е свртен кон реализација на преостанатите реформски закони, како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.