Македонија
Двајца судии поднесоа оставки од Судскиот совет по хаосот и кавгите

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев. Од Судскиот совет за „Макфакс“ потврдуваат дека двете оставки се архивирани, но досега не е закажана седница за нивно констатирање.
„Во моментот можам да потврдам само дека има оставки“, велат од Судскиот совет за „Макфакс“.
Герасимовски е апелациски судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка. Изборот на Герасимовски во Судскиот совет беше критикуван бидејќи е избран со осум гласа, од кои осмиот глас си го дал сам за себе. Оставките ги поднесуваат во време кога од невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните расправии и начинот на кој ги носат одлуките.
Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.