Контакт

Daily news

Договорот со Бугарија ќе биде објавен пред да биде потпишан

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев најави денес дека договорот со Бугарија ќе биде објавен пред да биде потпишан и дека последен збор околу него ќе даде македонскиот Парламент, кој ќе треба да го ратификува.

dobivaj vesti na viber

„Следи средба на министрите и на нивните кабинети кои треба да најдат решение за едно мало, техничко прашање што мора да го решиме за да имаме официјално заокружен дел. Некаде пред потпишувањето имаме намера да го објавиме договорот, да го отвориме за дебата, да го видат сите и дадат свои коментари. За мене тоа што ќе биде потпишано, надевајќи се дека тоа отворено прашање ќе биде решено, навистина отвара сериозни врати кон убави евроатлантски перспективи на Македонија“, рече Заев.

Запрашан во кој дел ќе се менува историјата Заев одговори:

„Тоа што е наша посебна историја е само наша посебна историја. Тоа што е заедничка историја е и европска историја, но и балканска историја. Не прејудицираме да менуваме нешто од историјата, но ние може да ја промениме иднината и тоа зависи од нас. Ако бидеме мудри ќе отвариме блескава иднина за нашите граѓани, а со тоа ќе влијаеме и за подобра иднина на граѓаните на Република Бугарија. Јас на целиот овој процес гледам повеќе како шанса да ги наоѓаме начините како да се зближиме и да соработуваме. Затоа, апелирам на позитивниот аспект на гледање на работите, но и на транспарентниот и одговорниот аспект кадео и граѓаните и институциите се тие кои на крајот ги носат самите одлуки“.

Околу тоа дали ќе има промени во учебниците за историја Заев одговори дека експерти и историчари од двете земји ќе седнат околу тоа прашање и, доколку постои нешто проблематично, тие треба да го разјаснуваат.Генерално за договорот Заев одговори дека ни тој ни Борисов немаат предрасуди да зборуваат за него, за делот на народите, за делот на заедничката историја, за формулациите, за определбата за заокружувањето на процесот…

„Апсолутно нема потреба од драматизирањата за предавство, за лоши позиции на Македонија.Ниту Бугарија има предрасуди, ниту ние во овој дел. Да бидеме храбри, време е за лидерство, да ги отвараме процесите и да изнаоѓаме решенија за проблемите кои ги кочеа Македонија и перспективите на граѓаните. Апсолутно неплашејќи се од дебати, критика и различни ставови по ова прашање. Јас сум убеден дека овој договор треба да биде ратификуван во Парламентот, кој ќе биде институција која ќе се изјасни за конечноста на евентуалното потпишување на договорот“, најави Заев.

Околу поклопувањето на посетата на бугарска државна делегација и состанокот во Црна гора со потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, Заев одговори дека за време и во очи на празникот ќе ги изменаџира двата настани.

„Македонија има огромна чест да биде прв домаќин заедно со Црна Гора на потпретседателот на САД, што за нас значи силна поддршка на севкупниот регион. Тој состанок почнува во Црна Гора некаде попладне. Јас сум убеден дека можеме дел од активностите при официјалната државна посета на Бугарија на Македонија да ги завршиме во очи на празникот, на први август, секако да го одбележиме празникот рано наутро колку е тоа возможно, да се поклониме пред еден споменик од заедничката историја и веднаш да стигнеме во Подгорица. Но, тоа е наша замисла, се надевам дека и бугарската страна ќе прифати, за да можеме да ги движиме двете агенди паралелно,“ соопшти премиерот Заев.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа34 минути

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Македонија9 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија16 часа

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија17 часа

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија18 часа

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција,...

Македонија20 часа

(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани...

Свет21 час

(Видео) Силен украински напад врз Москва: гори фабрика, затворени се аеродроми

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва доведе до затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија...

Свет21 час

(Фото) Трамп испраќа 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес поради демонстрантите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе испрати 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес по вториот...

Свет23 часа

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе застрелан на изборен настан

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за својот живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој...

Македонија23 часа

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија2 дена

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет2 дена

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет2 дена

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија2 дена

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет3 дена

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ3 дена

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....