Контакт

Daily news

ДОМ бара ревизија на концесиите за рудниците Казандол и Иловица

Објавено пред

Партијата ДОМ испрати писмено соопштение во кое бара стопирање на активностите и ревизија на концесиите за рудниците Казандол и Иловица.

dobivaj vesti na viber

„ДОМ е против отворање цела дузина рудници во Македонија – од Петрошница во Старо Нагоричане, преку Плавица во Пробиштип, па во Кочани, Струмица, Делчево, се до Казандол во Валандово. Тоа е неодговорно кон граѓаните и нивното здравје, зашто сите тие планирани рудници за злато, бакар и сребро се површински, со мало количество метал во земјата. Тие се „рудници на смртта“ – работат со цијанидни и сулфурни раствори во отворени базени по планините, загадувајќи се живо околу себе. Посебна трагедија е што целиот тој источен појас е одамна стратешки насочен кон земјоделие и туризам. А сега им се нуди опустошена природа, уништени полиња и животен век од 40 години. Тоа е недозволиво“,стои во реакцијата на оваа партија.

Притоа се оценува дека најитно треба да се решат рудниците Казандол, Валандовско и Иловица, Струмичко, кои веќе добиле концесии од Министерството за економија и се градат.

„Бараме стопирање на активностите и итна ревизија на нивните концесии. Основа се барањата на граѓаните во сите засегнати општини преку протести и референдуми. Аргументи се изиграната процедура за информирање на јавноста, лажното претставување на божемни странски инвеститори и скандалозните студии за оценка на влијанието врз животната средина“, велат од ДОМ.

Борбата против опасните руднициспоред нив  треба да оди преку ревизија на овие студии за животна средина. Убедени се дека, не само што државата не треба да плаќа пенали, туку други треба да и платат отштета.

„Многу е интересна студијата за рудникот за бакар Казандол.Во неа детално се објаснети технолошките постапки и нивното штетно влијание: 1) рударските активности со минирање, кои произведуваат прашина, бучава и вибрации, се посебно опасни зашто ова е „еден од сеизмички најактивните региони во Македонија“ со „најсилните земјотреси во поширокиот регион“, што може да доведе до лизгање на земјиштето, пукање на браните и излевање на отровните материјали во полето и градот; 2) копање базени, работењето со сулфурна киселина, екстракција и електролиза предизвикуваат „со сигурна веројатност“ загадување на почвата, на атмосферските и подземните води во „многу долг период“, преку „инцидентни истекувања“; 3) се создава отпад од шут, обоени метали, минерални суровини, масла и течни горива „со сигурна веројатност“ во „многу долг период“; 4) се предизвикува загуба на вегетација и живеалишта што е „нереверзибилно“; 5) доаѓа до физички промени на пределот „со сигурна веројатност“ и „нереверзибилно“.

Исто така, во студијата чесно е наведено дека постои веројатност за вонредни состојби, хаварии и инциденти, како поплава, пожар, експлозија, истекување на хемикалии и сл. Но, изненадувањето доаѓа на крајот од Студијата, кога консултантската фирма, заклучува дека независно од сите споменати и очекувани ризици – „изградбата и работата на предложениот комплекс се сметаат за ОПРАВДАНИ, бидејќи… нема да предизвика значителни влијанија врз биолошката разновидност и пределот и врз еколошкиот интегритет во поширокото подрачје“!!!

Не помалку интересна е студијата за рудникот за злато Иловица. И тамуе заклучокот е позитивен и смирувачки, со препорака да се прифати проектот. Како да не се работи за лужење со цијаниден раствор во базен без никаква заштитна обвивка, среде Струмичко Поле. Како да се заборава дека постои и процес на амалгамација со жива, дека талогот од флотацијата содржи кадмиум, олово и арсен, дека целиот токсичен материјал што ќе се собере во текот на работењето ќе биде цел рид од 250 милиони тони, дека сето тоа ќе се разнесува во воздухот, водите и почвата. Се запоставува и опасноста од попуштање на браната од токсичното езеро, како што беше случај со рудникот Саса во 2003 година. На консултантите не им е важен ни проблемот со водоснабдување на рудникот, кој „голта“ 5.700 м3 вода дневно. Планирано е да им ја земе на жителите од Босилово, кои се снабдуваат од акумулацијата, но ни тоа нема да биде доволно, зашто годишните потреби на рудникот се 2 милиони кубни метри вода, додека во акумулацијата има само 0,5 милиони “, објаснуваат од ДОМ:

Според нив очигледно е дека некои консултанти си ја погазиле стручноста и професионалноста, па ваквите студии за оценка на влијанието врз животната средина ги третирале само како „тезга“ и формалност. А се работи за суштински документи, кои треба да бидат непропусна брана за еколошки штетни проекти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија12 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија12 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија12 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија13 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија13 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија13 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет17 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет18 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет20 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет20 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет20 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет20 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет1 ден

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион1 ден

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија2 дена

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет2 дена

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија2 дена

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...