Македонија
Заев за „Дело“: Словенија заедно со земјите од Вишеград потврдуваат дека сѐ уште има европско во Европската Унија
„Ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Северна Македонија и важно е што Словенија, заедно со земјите од Вишеград потврдуваат дека сѐ уште има европско во Европската Унија и тоа е нашата водилка и мотивација и за реформите за да си ја европеизираме државата“, истакнува претседателот на Владата, Зоран Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“.
Заев додава дека верува дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмираше својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи сѐ што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство.
„Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка Северна Македонија губи драгоцено време, но сметам дека единствената исправна европска реакција е да се засилат барањата за да се почитуваат европските вредности и мислам дека Словенија ќе го заземе овој став за време на претседавањето со ЕУ и дека тоа ќе биде од огромен придонес за нов импулс во процесот за проширување на Унијата“, вели Заев за словенечко „Дело“.
Премиерот Заев во интервјуто вели дека Северна Македонија е со поглед кон иднината и како пријателска земја така гледа и кон сите свои соседи.
„Во таа насока, недвосмислени се нашите очекувања, а и очекувањата на целиот Западен Балкан, дека за време на словенечкото претседателство, треба да има видлив исчекор за нашата земја и за регионот кон ЕУ“, потенцира претседателот на Владата Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.