Македонија
(Видео) Заев: Многу државници биле жртви на телефонски манипулатори и јас влегов во одбраното друштво
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција обвини дека е жртва на антинато пропаганда по објавените телефонски снимки кои се проширија во јавноста.
Според него, оваа акција трае со години и на удар се земји со евро-атлантски аспирации.
Тој им се извини на граѓаните и додаде дека и други високи функционери, од други држави, биле жртви. Сепак, нагласи дека поради овој пропуст нема намера да поднесе оставка.
„За жал, и јас станав еден од измамените од добро организирана структура. Но, не сум само јас цел на дискредитација. Тие ги измамиле и Макрон, Борис Џонсон, Михаил Сакашвили, Столтенберг и Ердоган. Листата покажува дека сум во добро друштво“, посочи премиерот.
Во однос на делот со патријархот Вартоломеј и подготвеноста на Заев да даде 100 илјади евра за решавање на прашањето со МПЦ вели дека разговорот е изваден од контекст.
„Ова е нов аларм за цел свет за организирана борба против манипулации и лажни вести. Жртва сум на мојата отвореност. Затоа што врвен приоритет ми се граѓаните“, кажа Заев и додаде дека наскоро владата ќе излезе со итен план на акција против ширење дезинформации.
„Испочитувани се сите протоколи на комуникација“, тврди премиерот во врска со разговорите со лажните Порошенко и Столтенберг и вели дека разговорите се водени во неговата канцеларија преку апликацијата „Ватсап“. Тој уверува дека во нив не оддал државна тајна и потврди дека во јавноста било издадено соопштение за разговорот со лажниот Порошенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Македонија
МВР: Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам, дополнително до ОЈО Тетово достави кривична пријава против 89 – годишник за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, информира МВР.
Осомничениот К.Х (20) на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.
По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.02.2026 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам со асистенција од САЕ Тигар и во координација со OJO ГОКК, извршија претреси во дом и други простории на локација во Мала Речица, тетовско.
За време на претресите кај К.Х. и кај членови на неговото потесно семејство пронајдени и одземени се повеќе предмети кои се предмет на кривично дело и тоа: различен вид и калибар на огнено оружје, автоматска пушка АК-47 со две рамки со 40 куршуми 7.62х39мм, пиштол „М57“ со две рамки со 49 куршуми, пиштол „CHEROKEE“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми 9мм, тактички елеци, борбени елеци (панцир), ножеви со различна должина на сечиво и разни електронски доказни материјали. Две лица се лишени од слобода и притоа против К.Х. е поднесена кривична пријава до ОЈО ГОКК за кривично дело „тероризам“ по член 394-б став 2 од КЗ, а против Џ.Х. е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 од КЗ.
Македонија
Да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари, му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, велат од СДСМ
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, велат од СДСМ.
Според оваа партија, за два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле, како што истакнуваат, „омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник“.
„20 милиони денари е тендерот за „Пирамид Б“ со склучен договор на 05.12.2026 година.
76 милиони денари е тендерот за „Ленди Груп“ со склучен договор од 28.01.2026 година.
Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?
Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56 тендери на „Пирамид билдинг“, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?
Или да се извинуваме и 74 тендери на „Ленди груп“ вредни 17.5 милиони евра?
Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?
Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе“.
А што се однесува до чантата, следниот пат, додаваат од опозициската партија, кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, „очигледна е“.
„Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“.

