Македонија
(Видео) Заев: Ќе помогнеме на секој начин, но нема утеха за срцата што тагуваат по саканите
Премиерот Зоран Заев на комеморативната седница во Општина Гостивар изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа.
Тој посочи дека ќе им се помогне на семејствата на секој можен начин.
„Душата нè боли за секој згаснат живот. Тагата е заедничка. Зборови за утеха тешко се наоѓаат оти нема утеха за срцата што тагуваат по саканите. Зборовите не може да допрат до душата што жали. Човекот додека има луѓе околу себе не е сам. Загубата не се надоместува, но не сте сами“, порача премиерот во обраќањето.
Тој рече дека лично ќе се заложи за помош на семејствата и изрази сочувство во име на Владата и во свое име.
Седуммина од патниците од автобусот што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потенцира дека бројот на жртвите од синоќешната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово е 14 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

