Македонија
(Видео) Ковачевски по лидерската: ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, тоа е клучната порака од средбата
Премиерот Димитар Ковачевски, по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, укажа дека опозициската партија не е против уставните промени. Ковачевски тврди дека тоа е пораката од средбата со Мицкоски. Зборуваше за уставните измени за кои рече дека не се однесуваат на идентитетски прашања, туку на заштита на идентитетите на другите народи.
„Ставот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред нивното партиско седиште е променет и се разликува од тоа што јас го слушнав на средбата и од она што вие го слушнавте на прес-конференцијата, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени во државата. Тоа е заеднички заклучок и клучна порака од средбата што ја имавме денеска. Ваквите одлуки се на сите политички партии, целото општество, а ова не е процес на еден човек, една партија, една влада“, рече Ковачевски.
Зборуваше и за придобивките од уставните измени, како и пораките од меѓународниот фактор.
„На состанокот се направи јасна дистинкција – дали ќе ја интегрираме државата во ЕУ или ќе ја оставиме изолирана. Сметам дека е добро дијалогот што се води да продолжи, а да изградиме став дека за државата е најважно да ја интегрираме државата во ЕУ. Моја лична цел и заложба е овој процес на евроинтеграции да биде успешен. Ги имаме предвид стратешките цели на државата. Ова е стратешка цел на нашите земји партнери, како во ЕУ и НАТО така и на нашиот најголем стратешки партнер – САД. Уставните измени, вклучување други делови од народи во преамбулата, се чекор напред на овој европски пат. На таков начин, со таков глас, станавме и земја членка на НАТО. Сите се гордееме и ги чувствуваме бенефитите“, додаде тој.
Зборуваше дека идентитетот на Македонија е заштитен и дека со уставните измени не е доведен во прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

