Македонија
Мицкоски: Ви ветувам во првите 6 месеци секој кој што се огрешил пред законот и пред Уставот ќе биде процесуиран
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Ѓорче Петров порача дека на 15-ти јули, како што кажа, по доаѓање на обновата во Република Македонија ќе се стави крај на криминалците и ќе се донесат многу проекти кои ќе бидат од корист на граѓаните.
„На власта, кожните фотелји, дебелите персијанци, долгите лимузини и беа приоритет. Бидејќи така сакавте, така и ќе завршите. На 15-ти јули ќе ве пратиме на темната страна на историјата и жестоко ќе ве победиме. Оваа коалиција, овој народ овде има да ви покаже како се љуби татковината, како се сака Македонија. Обединет, сплотен Македонецот, Албанецот, Босанецот, Турчинот, Ромот, Влавот, Србинот, сите еден до друг ќе се борат за својата Македонија“, нагласи Мицкоски.
Додаде дека македонскиот народ ќе се бори за подобра Македонија, за која секој еден сонува
„Сакам да кажам неколку реченици и за она што можеа, бидејќи нели е таков слоганот на оваа власт, велат можеле. Јас би рекол „Можевте“, а тоа е минато завршено време. А, што можевте? Можевте да работите, можевте наместо да го понижувате, омаловажувате овој народ, наместо да ја парчите, распарчувате, делите и осрамотувате нашата држава, нашата татковина. Можевте да ја направите горда, достоинствена, почитувана, сакана дома а почитувана во светот. Но не, вие тоа не го направивте. Вие тоа не сакавте да го направите, затоа што за вас поважен беше грст од жолтици, привилегии, луксуз, на грбот на овој напатен народ. Тоа беше за вас поважно. Можевте многу повеќе да работите, можевте и навистина ако работевте тие 500 евра просек плата да ги донесете. Но не, вие не ги донесовте, затоа што за вас беа поважни Луј Витон ташните“, истакна Мицкоски.
Мицкоски рече дека оваа власт многу ветувала на пензионерите, земјоделците, студентите, но за жал, како што кажа, ништо не остварилеи поради тоа ќе ги стаса казната на 15-ти јули. Ветуваа дека ќе донесат правда, но за жал донесоа криминал, корупција.
„Ама затоа после 15-ти јули јас ви ветувам во првите 6 месеци секој кој што се огрешил пред законот и пред Уставот ќе биде процесуиран, јас ви ветувам. Да го знаете ова, кажете им, правда и закон мора да има во оваа држава. Од Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, нема веќе привилегирани политичари. Нема веќе да има привилегирани семејства. Секој кој што се огрешил, секој има да одговара“, вети Мицкоски на граѓаните.
Мицкоски посочи дека по 15-ти јули ќе започне обновата на Република Македонија, ќе се вратат насмевките на граѓаните, ќе се врати оптимизмот.
„Во „Проект – Обнова“ има за секого нешто. Таму има и 25% зголемување на просечната плата во еден мандат, има и 20% зголемени пензии во еден мандат и враќање на старото законско решение. Таму има минимум 1000 километри реконструирани патни правци локални и регионални. Таму има повеќе од 4 милијарди евра инвестиции, домашни и странски. Таму има најнизок данок, најнизок данок во Европа од 8%, да им покажеме како се полни буџетот но не на товар на граѓаните, не на товар на народот, туку на товар на додадената вредност која што ќе ја направиме во економијата. За секој оној кој што ќе вработи човек до 29 години нула проценти данок за интегриран здравствен систем од 4 клинички центри“, нагласи Мицкоски.
Мицкоскипорача дека крајот на СДСМ е се поблиску.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.