Македонија
Мицкоски: Примитивизмот на Џафери е фрустрирачки, тој сака да предизвика инцидент
Полн е, за жал, спикерот со примитивизам, и тоа навистина изгледа фрустрирачки за сите граѓани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам – не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент на лик на оној од 27 април и да може овој примитивец заедно со сите тие што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се“, истакна Мицкоски од Гази Баба во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и нема да дозволи да надвладее примитивизмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активна блокада на сè она што не е од интерес на граѓаните.
„Треба да знаат сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија. И затоа ќе продолжиме одговорно да се донесуваме во парламентот, да се однесуваме онака како што зацртавме со активна блокада на сè она што не е од интерес на граѓаните. И нема да дозволиме да се повторат настани од минатото, со кои ќе им дадеме вештачко дишење на овие, би рекол, примитивци што во моментот се на власт“, појасни Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.05.2024 (недела) од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа
Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.
„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека поразумен премиер се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од свјот евро-атлантски пат“, вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
„Сакам да му се обратам на господинот Миткоски: нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со поддршката за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.
Македонија
Џафери за порасната трева околу Владата: Градоначалничката доби соодветен одговор со изборниот резултат, граѓаните гледаат и вреднуваат
Техничкиот премиер Талат Џафери по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето е сопственост и во надлежност на Град Скопје. Според договореното и обврските, ‘Паркови и зеленило’ како јавно претпријатие што се грижи за изгледот на градот е надлежно и за оваа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи што се надлежност на друга институција. Во овој контекст, јас жалам што излезе вака, но, секако, и на изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на градот Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат, граѓаните оценуваат, вреднуваат и си го дадоа својот одговор“, рече Џафери.
Нова алтернатива, партијата која на изборите ја предводеше градоначалничката Данела Арсовска, освои 3.516 гласа, односно 0,35 отсто од гласовите на запишаните избирачи.