Македонија
Одбележување на Светскиот ден на храната
Во ОУ „Крсте Мисирков“, во скопската општина Гази Баба, утре, со почеток во 10.30 часот, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во партнерство со ОУ „Крсте Мисирков“ и граѓанската организација „Слоу фуд Водно“, ќе го одбележат Светскиот ден на храната со мотото „Нашите дејства се наша иднина! ЗДРАВА ИСХРАНА за #СветбезГлад“.
Од 1945 година на 16 октомври секоја година го славиме Светскиот ден на храната, и тоа на роденденот на ФАО, и секоја година избираме различна тема, што ни помага да дојдеме чекор поблиску до искоренување на гладот до 2030 година. Настаните се организираат во над 150 земји во целиот свет, што го прави еден од најпознатите денови во календарот на Обединетите нации.
Светскиот ден на храната годинава се фокусира на потребата од обезбедување здрава и одржлива исхрана физички и ценовно достапна за секого. Ова бара од сите нас да почнеме да размислуваме за тоа што јадеме и да се осигуриме дека се храниме здраво. Постигнувањето на целта за одржлив развој – нула глад не се однесува само на прехранување на гладните. Станува збор и за здравата исхрана на луѓето, која вклучува доволно разновидна, безбедна и храна со доволно хранливи материи – истовремено одржувајќи го здравјето на планетата, од која сите зависиме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

