Македонија
Постапките за издавање лични документи во Штип се одвиваат нормално и без поголем метеж

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Штип, каде што одржа работен состанок со раководството на СВР Штип, а го посети и Отсекот за управни работи – Штип.
На состанокот се разговара за движењето на криминалот на подрачјето што го покрива СВР Штип и мерките и активностите што се преземаат за одржување поволна безбедносна состојба и во тој контекст беше потенцирано дека има зајакнати контроли на експресниот пат, каде што често се случуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.
Во однос на човечките ресурси и материјално-технички средства, раководството за СВР Штип се пожали на слабата кадровска пополнетост и недостиг на возила, кои им се основна алатка за работа.
Што се однесува до спроведувањето на изборите, министерот Тошковски ја потенцира заложбата за постапување исклучиво во согласност со законските прописи и во тој контекст полициските службеници треба да бидат гаранција за овозможување услови секој граѓанин слободно да го оствари своето право на глас.
Во делот на управните служби постапките за издавање лични документи се одвиваат нормално и без поголем метеж и покрај тоа што овие служби функционираат во ограничени просторни услови.
Во рамките на посетата на СВР Штип министерот Тошковски заедно со Отсекот за превенција на случајни минувачи им подели летоци со едукативна содржина, кои имаат цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за важноста на соработката со полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.