Македонија
По случајот со родилката, четворица вработени во „Ремедика“ во самоизолација
Поради родилката, која на Клиниката за гинекологија се легитимирала како доктор, а од Лекарската комора рекоа дека лажно се претставила, во самоизолација се ставени четири медицински лица од приватна болница, каде што жената се породила по заминувањето од Клиниката.
Ова го соопшти директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, која рече дека родилката дала различни податоци во епидемиолошката анкета направена при хоспитализацијата на Клиниката за гинекологија, а потоа и во приватната болница.
„На свое барање, во утринските часови ја напуштила Клиниката за гинекологија и акушерство и покрај предупредувањето од медицинскиот тим дека ѝ се потребни хоспитализација и болничко лекување. Таму нема дадено податок дека имала контакт со лице со респираторна инфекција или дека има позитивен член во фамилијата. Нејзината хоспитализација во приватната болница ‘Ремедика’ е на 8 јуни во состојба, медицински кажано, кога раѓањето е веќе почнато. При приемот дала податок дека имала контакт со лице што имало респираторни тешкотии, не дека има во фамилијата, или има податок за контакт со позитивно лице“, посочи Бухова.
Четири лица од медицинскиот кадар што ја породувал родилката, а се вработени во приватната болница, сега се во самоизолација.
„Во однос на протоколот, во двете установи почитувани се алгоритамот и протоколот до последна ситница. Нема загрозување на пациенти и вработени ниту во едната ниту во другата институција. Со решение за самоизолација, по извршената епидемиолошка анкета во приватната болница, во домашна изолација е екипата од четворицата медицински лица што учествувале при интервенцијата кај пациентката. На Клиниката за гинекологија и акушерство нема персонал кој треба да биде во самоизолација“, додава Бухова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

