Daily news
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се расправаат кој повеќе се луксузира
Коче Гаврилов од ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека го крати 400 милиони денари од капиталните проекти во буџетот, а зголемува над 2 милиони денари во ставката угостителство.
„Имајќи предвид дека имаат објавено оглас за набавка на морски плодови и октоподи кои чинат 400.000 денари, наменети за гозби на функционерите на СДС, јасно е зошто ја зголемиле ставката угостителство во ребалансот за над 2 милиони денари. Очигледно поважна им е храната што самите тие ја јадат отколку капиталните проекти кои ќе бидат од корист на сите граѓани. Нивната потреба за луксузирање, гозби и ручеци со морски плодови и октоподи ја отсликува нивната негрижа и незаинтересираност за одговорно водење на државата“, реагираат од оваа партија во согласност со познатата практика тоа за што ја обвинуваат, да ѝ го префрлаат на СДСМ.
Деновиве во јавноста излегоа многу извештаи за тоа како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги трошеле бемислосно народните пари по 11-годишно расипништво и безобразно трошење на парите на граѓаните, за кое јавноста секојдневно сведочи“, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата на Коче Гаврилов од ВМРО-ДПМНЕ. Во тој стил беше и одговорот на СДСМ на овие обвинувања:
„Додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ парите од буџетот ги трошеле на скапи вечери, костуми, чевли, ноќевања во ексклузивни хотели, и посети на спа центри платени со државни пари. Безобразното и расипничко трошење на парите на граѓаните отишло дотаму што дури и дел од обезбедувањето на Никола Груевски трошело стотици евра дневно за ручеци и вечери.
Наспроти таквото расипничко владеење на Груевски, ребалансот на Буџетот ги следи реалните потреби, ги враќа парите назад кај граѓаните и е првиот чекор кон остварување на потцртаните реформи што носат нови работни места, повисоки плати и целосен економски напредок“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.