Контакт

Daily news

Тимоние повика да заборавиме на реваншизмот

Објавено пред

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние, во своето обраќање за време на одблежувањето на 14.јули, националниот празник на Франција, во Македонско етно село со државниот врв на земјава, се осврна на поддршката која четврт век Франција им ја дава на Македонците за да се зајакне државата и нејзината унитарност.

dobivaj vesti na viber

– Оваа година, францускиот празник е во знакот на споделената надеж која уште повеќе ќе нè обедини, надежта за европска иднина за која се изјаснија нашите два народa, со која им се дава нов патоказ, оној за спроведување на неопходните реформи, за изградба на простор за мир и за просперитет, колективна амбиција за она што треба да биде Европа. Европа, која нема да биде целосна, како што напиша нашиот претседател Макрон во писмото до претседателот Иванов, сè додека не и се приклучат земјите од Западен Балкан. Тоа е огромната задача која ни престои на сите и поради која сè уште сме и ќе бидеме секогаш на ваша страна. Тоа не е само Европа на автопатишта и на тендери, на помош и на субвенции, туку Европа на заеднички вредности кои посакуваме да ги имаме сите а кои ние Французите ги славиме денес заедно со вас. Вредностите на нашата девиза: слобода, еднаквост, братство“, рече Тимоние.

Спротивно на тоа, како што потенцираше тој, овие вредности се важни за борба против шовинизмот, националната затвореност и стерилниот протекционизам.

„Останува сега да профункционира ефикасно Собрание кое ќе ја почитува волјата на народот, без ограниченост и реваншизам туку ќе работи за генералниот интерес…ги очекуваме мерките и нивното реално спроведување  кои конечно ќе ѝ овозможат на земјата да напредува на  европскиот пат, порача амбасадорот, кој дополни дека Франција е спремна да и помогне на Македонија да го постигне тоа низ соработка со администрацијата, судството и безбедноста.
Во име на официјален Париз, Тимоние ги поздрави напорите на земјата за возобновување на духот на мир и соработка со своите соседи, и рече дека тие истото го прават со Германија, со која пак заедно, како што рече тој, ќе продолжат да работат за европска иднина на регионот.

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние, во своето обраќање за време на одблежувањето на 14.јули, националниот празник на Франција, во Македонско етно село со државниот врв на земјава, се осврна на поддршката која четврт век Франција им ја дава на Македонците за да се зајакне државата и нејзината унитарност.

– Оваа година, францускиот празник е во знакот на споделената надеж која уште повеќе ќе нè обедини, надежта за европска иднина за која се изјаснија нашите два народa, со која им се дава нов патоказ, оној за спроведување на неопходните реформи, за изградба на простор за мир и за просперитет, колективна амбиција за она што треба да биде Европа. Европа, која нема да биде целосна, како што напиша нашиот Претседател Макрон во писмото до Претседателот Иванов, сè додека не и се приклучат земјите од Западен Балкан. Тоа е огромната задача која ни престои на сите и поради која сè уште сме и ќе бидеме секогаш на ваша страна. Тоа не е само Европа на автопатишта и на тендери, на помош и на субвенции, туку Европа на заеднички вредности кои посакуваме да ги имаме сите а кои ние Французите ги славиме денес заедно со Вас. Вредностите на нашата девиза: слобода, еднаквост, братство, рече Тимоние.

Спротивно на тоа, како што потенцираше тој, овие вредности се важни за борба против шовинизмот, националната затвореност и стерилниот протекционизам.

– Останува сега да профункционира ефикасно Собрание кое ќе ја почитува волјата на народот, без ограниченост и реваншизам туку ќе работи за генералниот интерес…ги очекуваме мерките и нивното реално спроведување кои конечно ќе ѝ овозможат на земјата да напредува на европскиот пат, порача амбасадорот, кој дополни дека Франција е спремна да и помогне на Македонија да го постигне тоа низ соработка со администрацијата, судството и безбедноста.

Во име на официјален Париз, Тимоние ги поздрави напорите на земјата за возобновување на духот на мир и соработка со своите соседи, и рече дека тие истото го прават со Германија, со која пак заедно, како што рече тој, ќе продолжат да работат за европска иднина на регионот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа2 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет2 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет3 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет3 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет3 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион11 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа12 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет15 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет16 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија17 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија17 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија17 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија18 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија19 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија20 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија20 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ20 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија20 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...