Контакт

Македонија

Тренчевска: МЕЛКО-методот ќе придонесе за поквалитетен воспитно-образовен процес во градинките

Објавено пред

Унапредување на воспитно-образовниот процес и создавање  услови за квалитетен ран детски развој во градинките е една од целите на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. Во насока на подигнување на квалитетот на услугите во градинките, денес се одржа работна средба на која пред директорите на преку 70 градинки од земјава беше презентиран МЕЛКО(MELQO) методот за следење и подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во предучилишните установи.

dobivaj vesti na viber

Пред присутните, експертите Кирил Барбареев, Алма Тасевска и Боге Божиновски ги презентираа клучните аспекти на овој метод, кој како пилот проект беше спроведен во одредени градинки. MELQO методот е сочинет од 6 алатки поделени во два модула – MODEL, кој е дизајниран за мерење на развојот и учењето на децата и MELE модулот, кој го проценува влијанието на средината во која се одвива воспитно-образовниот процес. Преку MELQO методот се врши проценка на децата, но се вклучуваат и родителите и воспитувачите преку анкета за да се добие што подетална слика за подготвеноста на децата за училиште базирана на повеќе параметри, а истовремено се анализира и влијанието на околината за учење преку повеќе индикатори.

MELQO методот како пилот-проект се спроведува во рамки на Компонента 2 до Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика и има за цел да обезбеди поквалитетен ран детски развој и подигнување на капацитетите на градинките. Целта е зголемен пристап до квалитетни услуги за ран детски развој преку подобрување на услугите за предучилишно образование.

На работната средба присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. „Зајакнување на човечкиот потенцијал е наш врвен приоритет и токму затоа подобрувањето на воспитно-образовниот процес за деца од предучилишна возраст е сегмент на реформата на кој максимално сме посветени. Квалитетното образование и правилниот детски развој се основа за успешен образовен процес и стекнување  вештини и знаења на личноста. Затоа работиме и на подобрување на просторните услови во градинките и изградба на нови капацитети, со што ќе го подигнеме квалитетот во градинките на повисоко ниво и поголем број дечиња ќе бидат опфатени во предучилишниот образовен процес“, истакна Тренчевска.

Во рамки на оваа компонента се спроведуваат и активности за зголемување на квалитетот на услугите во предучилишните установи преку обуки на кадарот и поттикнување на родителите и семејствата за поддршка на холистичкиот пристап во развојот на децата, како и зголемување на пристапот до квалитетни и енергетски ефикасни предучилишни установи и обезбедување најдобри можности за учење и образование, соодветно на возраста на децата. Проектот за подобрување на социјалните услуги се спроведува со поддршка на Светската банка.

На работилницата се обрати и Бојана Нацева, виш образовен експерт на Светска банка. Презентирајќи ги активностите на Светска банка во земјава во насока на подобрување на капацитетот на човечкиот капитал потенцијал, Нацева истакна:

„MELQO ќе придонесе за подигнување на квалитетот на услугите во градинките и на целокупниот воспитно-образовен процес за деца од предучилишна возраст, преку вклучување на сите релевантни чинители. Обезбедувањето на квалитетот на воспитно-образовниот процес и условите во градинките треба да биде заедничка мисија и заложба, како на централната и локална власт, така и на наставниот кадар и родителите. Тоа е можно само ако имаме сознание за тоа каква е сегашната состојба и кон што ќе се стремиме. Затоа ве повикувам за придонес во процесот на проценка на состојбата со помош на MELQO инструментот, за да може да го прилагодиме на локалните потреби и да обезбедиме негова континуирана имплементација.“

Во рамките на активностите од Проектот за подобрување на социјалните услуги, се реализираа и низа активности за едукација и подобрување на вештините на воспитно-образовниот кадар и за усвојување современи алатки во работата. Низ процесот на обуки досега поминаа над 1300 воспитувачи чии позитивни искуства веќе се имплементираат.

Важен дел од Проектот е и зголемување на пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој и подобрување на условите за предучилишно образование, со што директно се придонесува за зголемување на капацитетите на градинките. На општините им се доделуваат грантови за изградба на нови, проширување или пренамена на постојни објекти во детски градинки и центри за ран детски развој. Во новите или обновени објекти се воспоставени нови стандарди и нормативи за просторот во кој децата престојуваат кои се уредени согласно нивните потреби за движење и поттикнување на учење преку игра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

Објавено пред

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.

„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци

Објавено пред

Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

dobivaj vesti na viber

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

 

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Објавено пред

Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија38 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет54 минути

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија12 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија18 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ19 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија22 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија22 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија22 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...