Македонија
Шаќири: Почнуваме инклузивен процес на креирање стратешки документи за унапредување на квалитетот на високото образование
Со стручна расправа во организација на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, на која присуствуваа претставници на владини институции, професори и експерти од областа на високото образование и науката, почна процесот на креирање четири стратешки документи, со кои државата ќе го унапредува квалитетот на академското образование што им се нуди на граѓаните и ќе обезбедува повеќе можности за научните работници.
Станува збор за нова национална програма и уредба за финансирање високо образование, како и национална програма и уредба за финансирање научноистражувачка дејност, кои треба да бидат изработени до 2025 година.
„Пред нас е голем предизвик. Сите ние се согласивме дека ќе работиме на креирањето на овие документи, односно политики. Сега потребна е поголема активност на дело и очекувам придонес од секој поединец и од секоја институција која ќе биде дел од процесот на исполнување на обврските и целите што се поврзани со европските перспективи на земјата. Ние најдобро знаеме што е жаргонски речено аномалијата што треба да ја отстраниме и како тоа да го направиме. Но, велам да ги искористиме и заклучоците од меѓународната конференција, која ја организиравме кон крајот на септември. Да ги искористиме сугестиите на меѓународните експерти и да ги употребиме сите контакти што мислиме дека може да ни помогнат“, рече Шаќири, кој имаше воведно обраќање пред почетокот на стручната расправа што се одржа на Факултетот за земјоделски науки во Скопје.
Министерот потенцира дека државата нема друга алтернатива освен да вложува во овие сегменти затоа што од нив најмногу зависи севкупниот напредок на државата.
„Да имаме континуиран раст на квалитетот на академското образование, да обезбедуваме повеќе и подобри можности за истражување и иновации, значи да создаваме силно чувство кај граѓаните дека државата вложува во нивниот потенцијал и дека тој потенцијал треба да го искористат и реализираат токму тука“, рече Шаќири.
Тој рече дека инклузивниот пристап, со учество на сите засегнати страни, секогаш обезбедува најдобри решенија и дека оваа Влада го воспостави и доследно го почитува тој принцип на работа веќе неколку години.
„Тоа го знаете затоа што заедно изготвивме и нов Закон за високото образование, отворени сме и за негова дополнителна надградба. Така што, и сега верувам во заеднички успех“, додаде министерот.
Воведни обраќања има и претседателката на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност, Гордана Лажетиќ, како и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Вјекослав Танасковиќ.
Министерство за о
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.