Македонија
Иванов:Излез од спорот со Грција постои
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов смета дека излез од спорот со Грција постои и дека билатералната спогодба е затоа донесена, за Грција да не ги попречува интеграциите на земјата.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов смета дека излез од спорот со Грција постои и дека билатералната спогодба е затоа донесена, за Грција да не ги попречува интеграциите на земјата.
Во интервју за Радио Слободна Европа претседателот Иванов истакнува дека забележал дека не постои желба да го почитува она што го потпишала.
„Друга солуција, Грција конечно да ја признае реалноста дека постои држава Македонија, македонски народ и македонски јазик. Меѓутоа, за жал, се уште има политичари во Грција кои ја користат реториката од студената војна и ги подигаат стравовите и предрасудите кај нивното население дека со тоа што постои држава Македонија, постои и опасност за нивната територија, идентитетот. Во 21-от век да се отвораат такви прашања и на нив да се профитира, е несериозно“, смета Иванов.
Тој вели дека Македонија покажала дека е за добрососедски односи, со менувањето на знамето и Уставот, и оти во решавање на спорот со името земјата вложува големи напори и е конструктивна.
„Меѓутоа, од другата страна не гледаме таков сигнал и таква посветеност. Веројатно сметаат дека треба да го одлагаат и одлагаат ова прашање и оти се додека настапуваат од позиција на сила ќе имаат моќ да го спречат нашето интегрирање во евроатланските структури“, истакнува претседателот Иванов.
„Од нашиот сосед сме доведени во состојба да се јавуваат одредени структури и да бараат алтернативи“, вели Иванов, одговарајќи на прашањето дали Македонија има алтернатива ако Грција не прифаќа компромис и земјава остане надвор од НАТО и ЕУ.
Иванов потенцира дека Република Македонија има генерална определба и истрајува на неа.
Затоа вели тој се настојува да се дојде до некое решение кое взаемно ќе биде прифатливо.
“Меѓутоа не можеме да прифатиме, решенијата кои ги нуди Грција да ни се пласираат како заемно прифатливи решенија, односно грчките предлози да ни се претставуваат дека треба да бидат и наши“, додава претседателот.
Тој забележува дека не постои отворен притисок од меѓународните фактори за компромис со Грција.
„Грција нема потреба, и не чувствуваме дека Грција прави нешто да се дојде што побрзо до решение. Нејзе и одговара. Можеби онаа стратегија што ја имала кон Кипар ја применува и кај нас. Го одолговлекува проблемот, едноставно создава амбиент дека тоа треба да трае се додека не се создадат услови да дојде до нешто што ќе биде во нивна корист“, укажува Иванов.
„Меѓутоа, Македонија прави се да укаже дека меѓународното право, она што е во резолуциите на ОН, во повелбата за ОН, како што важи за сите, треба да важи и за Македонија, изјави во интервју за Радио Слободна Европа претседателот Ѓорѓе Иванов. /крај/рсе/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.