Македонија
МЗ:Чии интереси штити Сојузот на организации на жени
Министерството за здравство, во соопштението упатено во четврток до медиумите, запраша чии интереси штити Сојузот на организации на жени на Република Македонија(СОЖРМ).
Министерството за здравство, во соопштението упатено во четврток до медиумите, запраша чии интереси штити Сојузот на организации на жени на Република Македонија(СОЖРМ).
„Чии интереси штити, зашто досега не покажале посебно активен интерес за вклучување во активностите на Министерството за здравство и не понудиле каков и да е личен придонес за заедничко изнаоѓање решение за надминување на секојдневните бројни предизвици во здравството“, се вели во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека за првпат по неколку децении застој, македонското здравство ќе добие нова современа опрема, а преку проектот за реконструкција на болниците, дополнително ќе се подобрат и просторните услови за работа.
СОЖРМ на прес конференција во четврток побара оставка од министерот за здравство Бујар Османи поради зачестените смртни случаи на родилки, како и поради лошата состојба во болниците. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

