Македонија
Катимерини: Предлогот на Скопје – политички маневар
Грчки владини извори изразиле вознемиреност од последниот предлог на шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, според кој, земјата би требало да ги започне преговорите со ЕУ под привремената референца.
Грчки владини извори изразиле вознемиреност од последниот предлог на шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, според кој, земјата би требало да ги започне преговорите со ЕУ под привремената референца, а евентуалното компромисно име да важи при зачленувањето во унијата, пишува „Катимерини“.
Според грчкиот весник, владини извори го повикале „Скопје да запре со политичките маневри и да се фокусира на разговорите под посредство на Обединетите Нации“. Истите извори нагласиле дека решението мора да се изнајде пред почетокот на пристапните преговори.
Весникот потсетува дека ставот на Милошоски, искажан во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“, доаѓа на неколку недели пред годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија. /крај/kathimerini/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

