Македонија
18 починати и 50 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево по 2 и по еден во Струмица, Гевгелија и Виница.
Регистрирани се и 81 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 34, Прилеп – 9, Струмица – 7, Куманово – 6, Штип, Кочани и Крушево по 4, Радовиш и Пробиштип по 3, Велес и Кичево по 2 и по еден во Свети Николе, Делчево и Виница.
Пријавени се вкупно 18 починати лица: 8 лица од Скопје (63, 67, 69, 72, 72, 77, 80 и 88), 3 лица од Тетово (75, 76, 78), 2 лица од Битола (84 и 88) и по едно лице од Прилеп (68), Кавадарци (79), Кочани (74), Радовиш (80) и Дебар (55). Од пријавените, 7 лица се починати во домашни, а другите 11 во болнички услови.
Направени се 2.955 теста преку: ИЈЗ – 427, ЦЈЗ Скопје – 69, ЦЈЗ Битола – 73, ЦЈЗ Прилеп – 47, ЦЈЗ Тетово – 36, Судска медицина – 3, ГОБ „8 Септември“ – 12, Институт за микробиологија – 64, МАНУ – 75, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 178, „Авицена“ – 313, „Биотек“ – 396, „Систина“ – 199, лабораторија „Лаор“ – 340, „Синлаб“ – 40, „Ремедика“ – 37, „Плодност“ – 62, „Генеа“ – 48, „Никоб лаб“ – 18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 518.
Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.485, активни 983
Куманово 8.818, активни 230
Прилеп 8.298, активни 95
Тетово 7.209, активни 98
Битола 6.290, активни 169
Велес 5.468, активни 61
Гостивар 5.171, активни 45
Кавадарци 5.151, активни 27
Охрид 4.997, активни 183
Штип 4.958, активни 39
Струмица 4.109, активни 55
Струга 2.980, активни 65
Кочани 2.787, активни 36
Кичево 2.559, активни 71
Гевгелија 2.191, активни 25
Неготино 2.183, активни 19
Свети Николе 1.522, активни 30
Ресен 1.234, активни 31
Крива Паланка 1.219, активни 6
Радовиш 1.156, активни 47
Берово 1.029, активни 3
Делчево 971, активни 23
Дебар 939, активни 0
Виница 881, активни 36
Пробиштип 789, активни 5
Валандово 666, активни 3
Богданци 494, активни 3
Крушево 489, активни 16
Демир Хисар 397, активни 16
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 373, активни 14
Македонски Брод 359, активни 3
Пехчево 268, активен 1
Македонска Каменица 249, активни 11
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.