Македонија
Американска донација за македонското здравство
Конзулатот во Детроит помага за зацврстување на врските на иселениците со татковината.
Генералниот конзулат во Детроит, во сојузната држава Мичиген, е лоциран во област каде живее најбројната македонска иселеничка заедница во САД, организирана во црковни општини и невладини организации. Иако нема официјални податоци, се работи за околу 20 илјади иселеници. Според генералниот конзул Игор Дукоски, конзулатот работи на многу повеќе нешта отколку само издавање визи. „Генералниот конзулат во еден проактивен и партнерски однос со македонските организации во Детриот и неговата поширока околина спроведува проекти од областа на културата и образованието кои помагаат да се зацврстат врските на иселениците со татковината. Конзулатот учествува во промоција на Република Македонија како исклучителна атрактивна дестинација за странски инвеститори.“, вели Дукоски. Македонските иселеници во Детроит се организирани во две црковни општини „Свети Ѓорѓи Кратовски“ од Фармингтон Хилс и „Раѓање на Пресвета Богородица од Стерлинг Хајт“, за што македонскиот конзул вели:„При црковната општина ’Раѓање на пресвета Богородица’ функцинира Културно-уметничкото друштво ’Танец’, каде најмладите иселеници го изучуваат македонскиот јазик и посетуваат часови за учење на македонски ора и танци. Конзулатот во Детроит посредува во активности за помагање на здравствените центри во Македонија. Дукоски ја издвојува соработката со непрофитната организација Светска медицинска помош од Детроит: „Во соработката со Светска медицинска помош од Детроит во координација со американско–македонската асоцијација од Детроит е овозможена донација на медицинска опрема и апарати за здравствените центри во Македонија. Во 2007 г. јавната здравствена установа во Куманово има добиено помош во висина од половина милион долари, а во 2008 г. помош добија болниците во Лешок и Струмица, а годината јавната здравствена установа во Штип ќе добие 500.000 долари во вид на медицинска опрема и помагала.Дукоски вели дека соработката ќе продолжи и оваа година. Веќе се договорени нови осум донации за здравствените центри во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ
СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре.
„Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е дел од оваа власт со достоинство, со принципи, со сопствена идеолошка и програмска матрица и сопствен пат делувајќи исклучиво во насока што ја ветивме пред граѓаните – чесна, одговорна и државничка политика. Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало.
Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент.
Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции“, додаваат од таму.
Навредите за „кукавичко јајце“, „платеник“, „тендер коалиција“, според нив, се јазик на политичка немоќ.
Тоа, како што истакнуваат, е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците од реалноста.
„Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење.
И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки. Нека одговорат зошто по години власт зад себе оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
Македонија
Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.
Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.
Македонија
По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираат за „Макфакс“ од МВР.
Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

