Македонија
Договор за полициска и царинска соработка со Бугарија

Македонија и Бугарија имаат добра соработка во борбата против организираниот криминал, заклучија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и бугарскиот колега, Михаил Миков, на денешната средба во Скопје
Миков и Јанкулоска се согласија дека за исполнувањето на условите за членство на Македонија во Европската унија, може да се користи бугарското искуство. Миков ја пренесе бугарската поддршка за европската перспектива на Македонија и додаде дека на сите нивоа ќе настојува што побрзо Македонија да влезе во белата шенген-листа. Двајцата министри за внатрешни работи, денеска, во Скопје, потпишаа Договор за основање и функционирање на заеднички Контакт-центар за полициска и царинска соработка.“Денешниот Договор е исклучително значаен и е прв од ваков вид за Република Македонија во кој заедно со една соседна држава ќе постои центар, со кој заедно ќе се управува со границата и со сите процеси, кои се од важност за граѓаните, кои ја поминуваат границата“, изјави Јанкулоска по средбата. Потпишувањето на Договорот, као што соопшти Јанкулоска, е дел од исполнувањето на критериумите од европското АКИ за имплементација на шенгенското право. Ваквиот вид контрола на границата, според неа, ќе овозможи унифициран пристап во менаџирањето со граничната линија, но и олеснување на процедурите за нејзино преминување.На средбата, станало збор и за други заеднички проекти, кои ќе се реализираат во иднина. Договорено е во периодот што следува да се реализираат неколку посети на оперативно ниво, за допрецизирање на активностите за заедничка реализација на проектите.Според бугарскиот министер, Миков, денешниот Договор чувањето на границата ќе биде многу поефикасно од двете страни, а ќе ја подобри и соработката меѓу двете полиции и царини.“Овој Договор е чекор за отворање помеѓу нашите две држави. Заедно учествуваме во Конвенцијата за борба против организираниот криминал во ЈИЕ, што е еден модерен инструмент на соработка на шенгенска основа. Врз таа основа и како резултат на добрата соработка помеѓу професионалците од двете држави, мислам дека, ќе имаме подобра соработка и успех во борбата против организираниот криминал“, рече Миков. Создавањето правна основа и соработка со соседите е важен услов за влегувањето на Бугарија во шенген-зоната во 2011 година, смета Миков, а изјави дека Бугарија нема толку добра соработка со сите соседни држави, како со Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Дел од Карпош и Гази Баба без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците Будимпештанска и Љубица Георгиева (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од с.Стајковци, место викано Попово Маало.(општина Гази Баба)
Македонија
Умерено до значително облачно, во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд

Времето денеска умерено до значително облачно. Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд. Во почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Македонија
Битиќи: Странските инвеститори си заминуваат, Владата со хартија гаси пожар

„Доколку ги тргнеме слоевите на сложениот правен вокабулар и бирократскиот јазик на измените и дополнувањата на Законот за технолошки индустриски развојни зони, останува едноставна реалност – ова е „пожарна мерка“ за негативните трендови кои ја погодуваат индустријата и странските инвестиции, со хартија ќе се гаси пожар“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во дискусија по однос на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Битиќи посочи дека овие измени и дополнувања не со случуваат во вакуум, туку во момент кога голема странска компанија најави напуштање на една од зоните, а неколку други најавија намалување на бројот на вработени.
„Очигледно власта не знае и нема механизам како да одговори на овој предизвик. Затоа пред нас се измени и дополнувања со кои празниот простор во зоните ќе се пополнува со компании што се најблиску до нив. Не може да зборуваме за спроведување на политика што води кон економски раст, може да зборуваме само за административно решение наменето за привидно одржување на нивото на инвестициите зоните“, рече Битиќи и потсети дека бројот на вработените во индустријата во декември 2024 година е намален за 4,7% во споредба со истиот месец претходната година. Истовремено, индустриското производство е во пад од 1,4%, а извозот, кој во најголем дел се должи на странските компании во зоните, се намалил за речиси 88 милиони евра во декември споредено со месец претходно.
Според него, ова не се мали флуктуации – ова се алармантни показатели дека активностите во зоните се намалуваат, дека странските инвеститори го губат интересот и дека Владата нема одговор на кризата што веќе е во полн замав.
„Во обид да се прикаже привиден раст на активноста во индустриските зони, предлагачите на овој закон воведуваат можност за „релокација во зона“, што е механизам за пополнување на испразнет простор. Наместо привлекување нов капитал и одржливи инвестиции, компаниите што се наоѓаат до 50 километри оддалечени од ТИРЗ ќе можат да се преселат во зоните“, рече Битиќи, притоа дополнувајќи дека ограничувањето на растојанието од 50 километри како критериум за релокација е целосно произволно и во отсуство на економска логика.
Битиќи нагласи дека нема студија, нема анализа, нема објаснување зошто токму 50 километри се сметаат за оптимална граница, притоа прашувајќи дали ова значи дека компанија што е на 51 километар не може да се пресели, но онаа што е на 49 километри може? Или пак дали ова растојание е утврдено врз основа на нечии политички интереси?
„Имаме нелогичност која зборува за тоа дека ова решение е арбитрарно и изнудено“, рече Битиќи.