Македонија
??????????????? ?? ?? ??????? ?????? ?? ???????? „????????“
Обвинителството не открива на која сума е заокружено обвинението за случајот „Пајажина“. Објаснувањето на јавниот обвинител, Љупчо Шврговски е дека таа сума може да се менува за време на главниот претрес.
Обвинителството не открива на која сума е заокружено обвинението за случајот „Пајажина“. Објаснувањето на јавниот обвинител, Љупчо Шврговски е дека таа сума може да се менува за време на главниот претрес.
„Нема да дискутираме за обвинението и тоа што е предмет на обвинението. Обвинителството што имало да коментира, искоментирало во тоа обвинение и со оглед на тоа што и вие често се залагавте за начелото на презумпција на невиност, ние нема да коментираме ништо во овој дел од постапката“ изјави Шврговски.
За притисоците кои ги наведоа во соопштението, кога беше покренато обвинението за случајот „Пајажина“, обвинителството не пријавило ниту во Судскиот совет, ниту во советот за јавни обвинители, но повтори дека нема да подлегнат на овие притисоци.
„Нема потреба да пријавиме, ние искоментиравме состојба која што не беше ни малку пријатна, ако за цело време од почнување на постапката се атакува на институцијата , ние низ соопштението го искажавме нашиот став, ќе бидеме истрајни докрај и во никој случај нема да потпаднеме на никаков притисок во тој дел“ рече Шврговски.
Со оглед на тоа што обвинителката од случајот „Пајажина“, Гордана Гешковска работи на уште два големи предмети, „Надеж“ и „Изгрев“, се појавува недостаток на обвинители во обвинителството за организиран криминал. Шврговски во врска со ова најави дека ќе побараат од Советот дополнителен кадар за ова обвинителство.
„Во секој случај ќе побараме на Совет со предлог да се прошири систематизацијата за основното обвинителство за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција, бидејќи досегашните кадровски потенцијали не ги задоволуваат барањата што произлегуваат од новите кривични пријави и сложеноста на предметите“ рече Шврговски.
Со ова тој се надева дека ќе дојде до разрешница и на случајот „Надеж“ бидејќи, како што рече поголем број од обвинителите ќе можат побрзо и поефикасно да го совладаат приливот на работите.
„Изгрев е апсолвиран предмет за колешката Гешковска и ќе мора докрај да го истурка“ рече Шврговски.
Во врска со тоа дали обвинението за „Пајажина“ е пишувано во Охрид, Шврговски вели дека кога на обвинителот му е потребен мир тој има право да престојува надвор од обвинителството.
„Нема сега да дискутираме за конкретни предмети, јас ви кажав дека во пракса кога на обвинителот му е потребен мир кога го ослободуваме од судења, не треба никој да го вознемирува, тој има право со други колеги и со лица коишто се потребни за работа на конкретен предмет да престојува надвор од обвинителството“ рече Шврговски.
Покрај ова Шврговски најави дека за хашкиот случај „Непроштено“ ќе биде донесена одлука во април и уште еднаш повтори дека овие предмети не потпаѓаат под законот за амнестија. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров
Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.
Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.
Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.
Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план“.
Македонија
Заедно за безбедност: Mozzart донира тактички елеци на Интервентната единица
Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните.
Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи.


„Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички елеци. Интервентната единица секојдневно е на терен и се грижи за јавната безбедност, а нашата компанија имаше можност да даде конкретна поддршка. Соработката ќе продолжи и во иднина,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Во рамки на својата стратегија за општествена одговорност, Mozzart од почетокот на годината реализира повеќе проекти во различни области – од поддршка на кампањата „Ретко е да си редок“, преку организација на бесплатни театарски претстави, до донации за институции од областа на безбедноста. Активностите ќе продолжат и понатаму, опфаќајќи спорт, здравство, екологија и култура.
ПР
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“

