Македонија
Законот за млади се носи без консултации со младите
Законот за млади кој се очекува за краток рок да биде усвоен од Собранието, се носи со нетранспарентна процедура, без консултирање со младите и младинските организации и предвидува 13 владини претставници во Државниот совет на млади кој би се формирал по донесувањето на Законот.
Законот за млади кој се очекува за краток рок да биде усвоен од Собранието, се носи со нетранспарентна процедура, без консултирање со младите и младинските организации и предвидува 13 владини претставници во Државниот совет на млади кој би се формирал по донесувањето на Законот.
Ова се главните забелешките во однос на Законот за млади, што денеска ги изнесе Маријан Забрчанец од Младинскиот образовен Форум, додавајќи дека ова го вклучи алармот кај околу 30 -сетина младински организации.
Она што најмногу им пречело е, како што рече, што предлог-законот е изработен без јавна дебата и вклученост на повеќето младински организации , туку зад затворени врати во Министерствата.
„Особено важно е што со тој закон се предвидува формирање на Државен совет на млади, како чадор организација која што би требало да ги претставува ставовите на сите млади од Македонија, меѓутоа половина од членовите на тој совет на млади, односно 13, се претставници на Владата на Македонија, па оттаму се поставува прашањето како претставниците на Владата би можеле да ги претставуваат ставовите на сите млади“, рече Забрчанец.Како што беше кажано на денешниот брифинг, предлог законот не ја гарантира транспарентноста во работењето на советите, што говори за можностите за партиски и друг вид манипулации со овие тела на локално и централно ниво.
За младинските организации, како што кажа Забрчанец, останува нејасно како сметаат со 100.000 денари предвиден годишен буџет да ги решат проблемите на младите кај кои има сè поголем јаз меѓу нив и институциите.
Неда Коруновска од НВО „Реактор“, смета дека сето тоа е во спротивност со сите препораки на Советот Европа, Стратегија за млади на ЕУ и како што рече, наместо сегашните понудени решенија предлагаат Владата да формира мешани тела во кои ќе учествуваат младите и кои ќе бидат од советодавен карактер, но во никој случај тоа не може да биде Државниот совет за млади, каде треба младите сами да се организираат на начин кој најмногу им одговара.
Покрај тоа, како што брифираа од МОФ, во предлог -законот постојат низа недоречености во регулирањето и дефинирањето на младинските организации, па така во предлог законот не се наведени јасни критериуми според кои се дефинира една младинска организација.
Во текот на наредните денови МОФ и Реактор препораките и коментарите ќе им ги достават на парламентарците, соодветните собраниски комисии и Советот на Европа. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.
Македонија
Костовски и Бајовски со ново, заедничко, ветување: Канализација ќе добијат сите улици во Бел Камен и Кучевишка Бара кои досега беа изоставени
Градоначалниците на Бутел и на Чучер-Сандево, Дарко Костовски и Зоран Бајовски со заеднички проект ќе го решаваат проблемот со канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен. Населбите се една до друга, но припаѓаат на две различни општини и со децении градоначалниците ветуваат дека ќе им изградат фекална канализација, но досега ниту еден не го реализираше ветувањето.

Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните
Градоначалникот на Чучер-Сандево попладнево на социјалните мрежи се пофали дека првпат двете соседни општини пристапуваат заеднички и координирано за решавање на овој долгорочен проблем, со јасни рокови и распределба на обврски.
„Денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ја формиравме оперативната работна група за решавање на заедничките проблеми на жителите од Чучер Сандево и Бутел. Главна задача на групата е финализирање и доработка на основниот проект за фекална канализација, со цел проектот да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени. Со зголемување на опфатот ќе бидат вклучени и улиците како Бутелска 27, 29, 31, 33 и 35, како и други критични точки кои бараат итна интервенција“, објави градоначалникот Бајовски.
Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните за да се обезбеди транспарентен процес и квалитетна техничка документација.

Главна задача на работната група е доработка на проектот со цел да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени
„Нашата цел е да обезбедиме трајно и одржливо решение за управување со отпадните води, што ќе го подобри здравјето и квалитетот на живот во двете општини“, вели градоначалникот Бајовски.
Револтирани што на терен нема никакви активности и оти градоначалникот Бајовски фекалната канализација во Бел Камен не ја ставил на листата со приоритети, како што им вети пред изборите, претставници на жителите од двете населби пред два месеца го потсетија на ветувањето и му кажаа дека доколку не почне да работи за решавање на нивниот проблем, подготвени се да протестираат.
Градоначалникот Бајовски, за „Макфакс“ на крајот на ноември изјави дека, за да почне да го решава проблемот, прво ќе направи ребаланс на буџетот, а потоа ќе работи на нов проект кој ќе ги опати и улиците каде што никогаш не е изградена фекална канализација.

