Македонија
Џафери-Скаре: МО ги почитува стандардите за вклучување на жената во одбраната
Министерството за одбрана на Република Македонија настојува да ги почитува стандардите за вклучување на жената во сите аспекти од одбраната.
Ова во петок го изјави министерот за одбрана, Талат Џафери, на средбата со Мари Скаре, специјален претставник на генералниот секретар на НАТО за жените, мирот и безбедноста.
Тој посочи дека за таа цел постои Национален акционен план за спроведување на Резолуцијата 1325, а донесени се и дополнителни документи за практично имплементирање на истата.
Воедно министерот информираше дека во рамките на Министерството за одбрана постои и Комитет за родова перспектива и родова рамноправност, кој ги организира и координира активностите за имплементација на Резолуцијата, меѓу кои и потпишувањето на Меморандумот за разбирање со UNWOMEN, како и мерките за едукација и образование за предметната област.
Како пример за почитување на родовата рамноправност во областа на одбраната министерот Џафери го спомена и првиот Конкурс за обука на пилоти, на кој еден од четирите селектирани кандидати е припадничка на понежниот пол.
„Наша заложба е да постојат еднакви можности за сите кандидати, и затоа очекуваме во следните конкурси во однос на бројот на жени да имаме поинаков сооднос”, додаде министерот.
Специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО, Скаре, посочи дека НАТО и Македонија имаат заедничка цел кога станува збор за имплементацијата на родовата еднаквост.
Воедно, таа додаде дека минатите самити на Алијансата покажуваат дека политиката за родова еднаквост која дава можност за користење на потенцијалот на женскиот пол во оваа област, е всушност една од поважните политики на НАТО.
Осврнувајќи се на улогата, како и големите можности за влијание врз жените и децата во услови на конфликт, од аспект на спреченоста за образование и појавата на насилство од секаков тип, таа истакна дека од исклучителна важност е на жените да не се гледа само како на жртви, туку и на контрибутори.
Соговорниците се согласија дека учеството на жените во рамки на меѓународните мировни мисии е особено значајно, особено искуствено гледајќи на мисиите на Косово и во Авганистан. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.
На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.
На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.