Македонија
Успешен Новогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ
Воениот оркестар на АРМ во Домот на АРМ во Скопје во вторник вечер го изведе Новогодишниот концерт.
На концертот присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, генералите на АРМ, клучниот персонал во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ и дел од воените аташеи акредитирани во Република Македонија.
Воениот оркестар предводен од диригент потполковник Драган Димитров, пред аудиториумот на исполнетата сала во Домот на АРМ, за прв пат изведе концерт во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници во чест на припадниците на МО и АРМ.
Воениот оркестар, како единствен воен професионален дувачки оркестар во државава, вчера за прв пат одржа целовечерен концерт во предвечерието на Новата година, кој во иднина ќе премине во традиција.
Со синоќешниот Новогодишен концерт, Воениот оркестар успешно ја заврши годината во која имаше исклучително успешни настапи во повеќе градови низ Република Македонија, каде граѓаните имаа единствена прилика да уживаат во изведбите на познати музички дела и да се дружат со припадниците на АРМ.
Настапот на Воениот оркестар беше планиран во рамките на проектот за јакнење на цивилно-воената соработка и приближување на Армијата до граѓаните, кој АРМ успешно го реализираше во текот на 2013 година. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец
Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава.
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален штрајк. Тој најави и собирање 10.000 потписи со кои синдикатот би станал овластен предлагач на закон за намалување на платите на функционерите за 80 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на другите плати за најмалку 6.000 денари.
„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз, а доколку не се случи тоа и вие ќе стоите од оваа страна на зградата, заедно со нас и ќе не поддржувате за да ви се зголеми вашата плата,“ додаде Трендафилов.
На протестот беше испратена пораката и дека Владата води најсиромашен народ и најсиромашна држава во Европа, со повик до функционерите да ги симнат розовите очила и да ја согледаат реалната состојба на работниците.
Од ССМ најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати.

