Македонија
МБИ 10 скокна за пет отсто
Берзанскиот индекс МБИ-10 продолжи и денеска со растот, остварувајќи скок од 4,99% и вредност од 2.6751,60 индексни поени
Берзанскиот индекс МБИ-10 продолжи и денеска со растот, остварувајќи скок од 4,99% и вредност од 2.6751,60 индексни поени.
МБИД забележа зеголемување од 3,74% зголемувајќи ја вредноста на индексот на 2.490,47 индексни поени. Индексот за обврзници ОМБ се намали за 0,96% позиционирајќи се на ниво од 103,74 индексни поени.
Прометот на денешното тргување на Македонската берза за хартии од вредност достигна 36.907.171,99 денари.
Најголем дел од трансакциите се реализираа со акциите од официјалниот пазар каде што прометот изнесуваше 33.815.344,99 денари. На редовниот пазар прометот изнесуваше 3.091.827,00 денари, реализирани беа 57 трансакции.
Акцијата на Комерцијална Банка оствари промет од 9.054.890,00 денари. Се истргуваа 3.265 акции со просечна цена од 2.773,32 денари остварувајќи раст од 9,67%. Најголем дел од акциите се истргуваа по максимално дозволената цена.
При тргувањето со Стопанска Банка Битола оствари промет од 6.575.309,00 денари. Се постигна просечна цена од 3.840,72 што значи пораст од 9,36%. Истргуваната количина беше 1.712 акции.
Прометот при тргувањето со акцијата на Алкалоид изнесуваше 5.928.136,00 денари. Просечната цена при тргувањето не се промени во однос на претходниот ден и изнесуваше 4.804,00 денари. При утрешното тргување ценовниот максимум ќе се помести за 10%.
Од редовниот Пазар најтргувана беше акцијата на Македонски Телеком со остварен промет од 1.166.663,00 денари. Просечната цена што се постигна изнесуваше 415,03 денари остварувајќи пораст од 7,89%.
Прометот со тргувањето со Тутунска Банка беше 888.811,00 денари. Постигната беше просечна цена од 4.753,00 денари со нагорна промена од 9,99% постигнувајќи го ценовниот максимум на вчерашното тргување.
Жито Вардар АД Велес свика годишно собрание кое ќе биде одржано на 25.06.2009 година.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална Банка Скопје
2. Стопанска Банка Битола
3. Алкалоид Скопје
4. Р.Македонија – денационализација 08
5. Макпетрол Скопје
Хартии од вредност со најголем раст
1. Млаз Богданци 120,99%
2. Жито Вардар Велес 20,00%
3. Жито Лукс Скопје 19,79%
4. УНИ Банка 19,77%
5. Попова Кула Демир Капија 15,74%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Фершпед Скопје 7,97%
2. Р.Македонија – Денационализација 07 3,62%
3. Р.Македонија – Девизни влогови 0,40%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.