Македонија
Втор крикет меч во Македонија

Вториот крикет меч во Македонија ќе се одржи денеска, во организација на Британската бизнис група (ББГ) во соработка со општина Карпош
Вториот крикет меч во Македонија ќе се одржи денеска, во организација на Британската бизнис група (ББГ) во соработка со општина Карпош.
Ова ќе биде прв меч каде што интернационален професионален тим, од Велс, ќе игра против локален, формиран во Скопје од членови на меѓународната бизнис заедница.
“Ние го организираме овој настан со цел да го прошириме профилот на овој прекрасен спорт и да одиме во насока на поттикнување на појаки релации помеѓу националната и интернационалната бизнис заедница“, изјави Реј Пауер, претседател на Британската Бизнис група.
ББГ, во 2007 година, го организираше првиот крикет меч во Македонија а општината Карпош ја поддржа иницијативата од почетокот.
“Поддршката на традиционален спорт како што е крикетот е само предизвик и шанса за културна размена меѓу Република Македонија и Велика Британија, две земји со извонредно богата историја и традиција, кои патем негуваат и исклучително пријателски односи на спортски, бизнис и политички план“, вели градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски./крај/со/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Градоначалникот Ѓорѓиевски со жителите на Црниче го одбележа празникот Балаклија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше присутен на местото Балаклија во Црниче, каде заедно со жителите го прослави Источен Петок, значаен православен празник кој секоја година се одбележува на првата недела по Велигден. Тој истакна дека посебно му е драго што ова свето место, на кое се наоѓа изворот, беше ослободено од узурпација, вратено на жителите оплеменето со нови содржини кои овозможуваат вистинско уживање на сите кои го посетуваат, информира општина Кисела Вода.
Го истакна своето задоволство што следната година ќе ја има честа токму тој да биде кум на овој значаен настан.
– Нека е за многу години Источен Петок – Балаклија! Другата година кумството е мое, дар од Бога за што ми е огромна чест! Денес, заедно со мојот народ од Црниче го славиме овој голем празник кој спаѓа во Светлата Недела. Празник посветен на Пресвета Богородица на кој ѝ се оддава признание и се верува дека на овој ден му ги миела раните на Исус Христос, па затоа водите од изворите денеска се лековити и верниците масовно ги посетуваат за да ги измијат очите и лицето. Ова култно место во Црниче на кое има извор и кое до лани беше узурпирано, го ослободивме и го вративме на жителите, оплеменето со содржини за вистинско уживање и рекреација на сите кои го посетуваат. Горд сум на сплотеноста на мојот народ на ваквите денови, затоа Македонија е богата земја која меѓусебната љубов и почит ја одржувала низ вековите.
За многу години да ни е, здравје и бериќет кај сите-изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Нов напад врз социјален работник во Скопје – фрлани предмети кон вработените, искршен и инвентарот

Тетовец во текот на вчерашниот ден физички нападнал вработен во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје.
Нападнатиот е 41-годишен социјален работник, кој бил на своето работно место.
Тетовецот кој упаднал во установата оштетил и дел од инвентарот, фрлал тврди предмети и им се заканувал и на другите вработени.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Она што загрижува е што ова се случува по само еден месец откако беше застрелана социјална работничка во Прилеп, што предизвика протести на социјалните работници на повеќе локации низ државата. Зад овој напад стоеше 50 годишен маж, кој претходно побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар. Социјалната работничка беше префрлена во прилепската болница со прострелна рана, но надвор од животна опасност. Напаѓачот за кој подоцна се дозна дека подолго време ја демнел жртвата, беше приведен.
Социјалните работници кои долго алармираат дека се незаштитени, по овој настан излегоа на протести, барајќи нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.
На овие протести беше истакнато дека вработените во Центрите за социјална работа секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност, а недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работат сериозно го загрозува не само нивното физичко и менталното здравје, туку и квалитетот на услугите што ги обезбедуват.
Македонија
Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај.
Од Обвинителството појаснија дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.
Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адресни податоци за оштетените од пожарот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката.
Се додава дека обвинителскиот тим кој постапува во предметот интензивно презема итни дејствија кои не трпат одлагање. Се вршат сослушувања и координација на вештачењата неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.