Македонија
Бакојани – ЕУ и НАТО иднина за Македонија преку решение за името
Европската и евроатлантската иднина на Македонија подразбира решавање на прашањето за името, рече грчката министерка за надворешни работи
Европската и евроатлантската иднина на Македонија подразбира решавање на прашањето за името, рече грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.
„Ова го бара Грција. Продолжуваме со водењето на тешка и сложена преговарачка битка во рамките на ОН. Нашите позиции се добро познати, а исто така и нашите црвени линии: сложено име со јасна географска определба, кое ќе биде важечко за сите“, рече Бакојани во Атина.
Министерката тврди дека партнерите на Атина во рамките на НАТО и на Европската унија едногласно ги прифатиле грчките позиции во врска со прашањето на името./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.
Македонија
Без вода делови од скопски Карпош и Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Кисела Вода).
Македонија
Без струја делови од скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром (општина Ѓорче Перов);
-Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
-Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје(општина Чучер Сандево).