Контакт

Македонија

Стапката на невработеност во Чешка достигна 8,4 отсто

Објавено пред

Стапката на невработеност во Чешка достигна 8,4 отсто, а невработени има 12 пати повеќе отколку слободните работни места, покажуваат најновите

Стапката на невработеност во Чешка достигна 8,4 отсто, а невработени има 12 пати повеќе отколку слободните работни места, покажуваат најновите податоци на Министерството за труд и социјала.

Во јуни невработеноста била осум отсто, а се очекува до крајот на годината да биде двоцифрена.

И во време на криза во Чешка се одржуваат драстични регионални разлики во невработеноста. Додека на северот на земјата невработеноста достига 13,8 отсто, во Прага не се зголемува и изнесува 3,2 проценти, додека во источните периферни делови на главниот град само 2,8 отсто. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Магливо и облачно со температура до 9 степени

Објавено пред

По котлините и долж Повардарието во текот на денот ќе има магла и ниска облачност, во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде магливо. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост на патиштата поради густа магла

Објавено пред

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 30 – 50 метри на патните правци Велес – Скопје и Скопје – Велес, од 50 – 100 метри на патниот правец Демир Капија – Миравци, од 10 – 15 метри на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 70 – 80 метри на патниот правец Кичево – М. Брод, од 50 – 60 метри на патниот правец Штип – Неготино, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – М. Каменица и Виница – Берово, од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Дебар – Струга и Ресен – Охрид и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управув ање со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вооружените крадци од НЛБ банка украле 8.700 евра

Објавено пред

Вооружените крадци што утринава влегоа во експозитура на НЛБ банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката.

Од таму велат дека безбедносните мерки во банката ги спречиле крадците да направат поголема материјална штета.

„По вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров, уште еднаш потврдуваме дека клиентите и вработените на банката се безбедни и се во добра здравствена состојба. Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра“, наведуваат од банката.

Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник, 20 јануари.

Од банката посочуваат дека и понатаму соработуваат со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Свет9 минути

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет13 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Македонија14 часа

Вооружените крадци од НЛБ банка украле 8.700 евра

Вооружените крадци што утринава влегоа во експозитура на НЛБ банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката. Од...

Топ15 часа

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија17 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија17 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата18 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Регион21 час

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ22 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет22 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија23 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија23 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион1 ден

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет2 дена

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија2 дена

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Досие