Македонија
Порибени се Радика и Мавровското езеро
Националниот парк „Маврово“ денеска изврши порибување на реката Радика и Мавровското езеро со 15 илјади парчиња автохтона Радичка пастрмка.
Националниот парк „Маврово“ денеска изврши порибување на реката Радика и Мавровското езеро со 15 илјади парчиња автохтона Радичка пастрмка.Според директорот на националниот парк, Онер Јакуповски ова е втора година на порибување на водите кои се во рамки на територијата на паркот, јави дописникот на Макфакс.Порибувањето ќе продолжи и во наредните три години во согласност со програмата за порибување како дел од деловно техничката соработка на националниот парк „Маврово“, со Институтот за сточарство на Македонија, која има за цел збогатување на рибниот фонд на езерото и на реката Радика.Јакуповски најавува основање на Вип Зона за спортски риболов во рамки на националниот парк за домашни и странски туристи.Во седиштето на националниот парк во Маврово денеска беа уништени со палење и голем број мрежи, откриени и одземени од страна на нелегални риболовци./крај/мн/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

