Македонија
Димитриев за актуелната политичка состојба со претставници на ЕНП
За актуелната политичка состојба во Македонија во пресрет на одржувањето на предвремените парламентарни избори, како и за европските перспективи и интеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО, разговараа во петок, претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, со Сандра Калниете, потпретседател на Европската народна партија и член на Европскиот парламент и Патрик Волер, секретар за надворешни односи на Европската народна партија.
Потенцирајќи ја потребата од организирање и одржување на фер и демократски избори, двете страни ја истакнаа потребата од одговорно однесување на сите политички партии во текот на изборната кампања и периодот по завршување на изборите, преку демонстрирање на позитивен пристап во насока на градење на доверба во целокупниот изборен процес и почитување на демократските вредности. Премиерот Димитриев истакнувајќи ја фокусираноста на Владата за одржување на фер, демократски и кредибилни избори информираше за активностите што Владата ги презема во целокупниот изборен процес, за функционирањето на државните институции во овој период и за очекувањата дека после изборите, политичката Влада во Република Македонија со полн капацитет ќе продолжи да ја движи државата по патот на реформите, проектите и решавањето на реалните проблеми на граѓаните, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Соговорници се согласиле дека одржувањето на фер и кредибилни избори и почитувањето на изборните резултати претставуваат единствениот начин за излез на државата од политичката криза и продолжување на конкретните реформски процеси во сите различни области во општеството, при што премиерот Димитриев истакна дека членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, претставува врвен стратешки приоритет на Република Македонија и дека добивањето на датум за преговори со ЕУ и полноправното членство во НАТО ќе придонесат за целосна интеграција на државата и дополнителен просперитет и развој на Република Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација на и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)

