Македонија
Група маскирани момчиња предизвика мал инцидент на протестот пред Сообрание
Група од околу педесетина млади лица, според оцените на присутните, најверојатно припадници на навивачка група, чии лица беа покриени со маички, се обидоа да направат инцидент фрлајќи лименки и шишиња кон припадниците на полицијата пред Собранието, во еден момент дојде до кошкање со другите демонстранти кои се обидоа да ги спречат.
Кусо по инцидентот, околу 21,30 часот, пред кордонот полицијата поставени е паралелен кордон млади девојки чија цел е да ги спречат младите маскирани лица да продолжат со гаѓањето кон полицијата, со што би предизвикале поголем инцидент.
Александар Нешкоски и граѓанскиот активист Џелал Хоџиќ претходно повикаа на мирен протест пред Собранието, бидејќи, како што рекоа, „да не се наседнува на провокациите на полицијата“.
Во моментов пред Собранието е присутна група не поголема од педесетина лица, додека најголемиот дел од демонстрантите, меѓу кои и политички активисти на опозицијата, се разотидоа откако Александар Нешкоски, чиј брат Мартин на 5-ти јуни 2011 година бил претепан до смрт од полициски службеник на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје по прославувањето на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, се јавува како неформален организатор на протестите кои започнаа во вторникот вечерта, повика дека мирните протести ќе продолжат секој ден во18 часот, се’ до оставката на министерката за Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска, која демонстрантите ја сметаат за одговорна и по емитувањето на телефонските прислушувани разговори, дека наводно со други владини функционери се обидувале да го сокријат убиството на Мартин, претходно во средата посочи дека МВР брзо, за 22 часа, го решила случајот со информациите со коишто располагала во моментот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

