Контакт

Надворешна политика

САД повторно го повика Иванов да понуди можност за формирање влада

Објавено пред

 

САД се разочарани поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов не успеа да понуди можност за формирање на влада од страна на партиите кои имаат парламентарно мнозинство и смета дека оваа одлука е спротивна на принципите на ОБСЕ, изјавила во четвртокот претставничка на САД во постојаниот совет на ОБСЕ Кејт Барнс во обраќањето кон министерот за надворешни работи Никола Попоски.

 

„САД остануваат разочарани од одбивањето на претседателот Иванов да понуди можност да формираат Влада пратениците кои имаат јасно мнозинство. Продолжуваме да се надеваме дека оваа акција е спротивна на обврските направени кон ОБСЕ , основните демократски принципи и владеење на правото. Како стратешки партнери и пријатели на Македонија, но и со целосно почитување на суверенитетот на земјата, САД го повикува претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука“ порача Барнс.

 

САД исто така „го повикуваат владата, политичките лидери и политичките партии да се воздржат од напади кон граѓанските организации и  да овозможат услови и поддршка за независните гласови и институции да можат слободно да ја вршат својата работа, и да избегнуваат потпалувачка реторика и тензии“, се вели во изјавата на Барнс.

 

САД исто така ги повикуваат сите партии да ги стават интересите на Македонија и нејзините граѓани над се останато и „заедно да работат конструктивно и да ги имплементираат своите обврски кои произлегуваат од Пржинскиот договор“./крај/мф/бс

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет8 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...